МКхост до сега има регистрирано над 1000 Македонски домени за потребите на своите клиенти. Успешно и професионално низ текот на 5-те години од МКхост, ги менаџиравме и менаџираме регистрираните домени за нашите клиенти. Секогаш на нивна страна, се трудиме да обезбедиме максимална услуга, брзина во активација на домените како и доставување на потребни документи по потреба.
18542 активни и регистрирани Македонски домени до 21.03.2011
Направивме кратка анализа на моменталните домени кои се активни и регистрирани. Анализата ја спроведовме со јавно достапните податоците од официјалниот сајт на Македонскиот регистрар – Марнет. Па така, вкупниот број до крајот на денот (21.03.2011) изнесуваше: 18542 активни и регистрирани домени.
МКхост има најмногу активни домени
| Регистрант | Бр. Рег. Домени |
| МКХОСТ ДООЕЛ | 722 |
| МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД | 537 |
| МАКЕДОНИЈА ОН-ЛИНЕ | 303 |
| ТИМ КOРПOРЕЈШН | 226 |
| Адвокат Драган Поповски | 252 |
| АКВИЛА КОРПОРАЦИЈА | 59 |
| БАБИЛОН СОФТВЕР СОЛУШН | 66 |
Благодариме на довербата од нашите клиенти, што се искачивме на првото место по број на активни, регистрирани Македонски домени.
МКхост се стреми кон постојано подобрување на услугата. Вршиме автоматизација на процесот за регистрација на Македонските домени и се обидуваме периодот за регистрација да биде што е можно помал. Се надеваме дека во блиска иднина регистрарот ќе овозможи и моментална онлине регистрација, па секој ќе може да добие .mk домен за само неколку минути.

