ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МКХОСТ

ТИМОТ ШТО СТОИ ЗАД МКХОСТ

Билјана Шијаковска CEO
Никола Јанески Web Development
Магдалена Илијевска Domains
Ивана Вељковиќ Accountancy
Иван Петрушевски Founder
Дарко Каранфилов Marketing
Сашо Ристовски Windows Administrator
Александра Чинговска System Administrator
Ангела Стефановска Domains
Бојана Николовска Sales

ЗА КОМПАНИЈАТА

МКХОСТ ДООЕЛ Е ПРИВАТНА КОМПАНИЈА ФОРМИРАНА ВО 2005-та ГОДИНА

МКхост влезе на пазарот кога интернетот во Македонија беше во подем, во време кога беше потребно присуство на интернет просторот. МКхост помогна и помага на многу компании, физички лица и организации да се појават на интернет со сопствени веб страни проширувајќи го својот бизнис национално и регионално.

МКхост го разби монополот на хостинг пазарот во Македонија, нудејќи веб хостинг пакети по светски стандарди со ниски цени и професионална поддршка за крајните корисници. МКхост го зголеми бројот на Македонски домени со услугата за регистрација на домени со брза и едноставна регистрација. МКхост е компанија со најголем број на регистрирани Македонски домени, со автоматизирани сервиси за контролирање на домените, автоматизирани скрипти и функционалности кои ги нуди со хостинг пакетите, како и со поддршка во секое време за корисниците. МКхост е прва хостинг компанија во Македонија која нуди избор на серверска локација: во Македонија или Америка.

Нашата цел е професионална, брза и ефикасна поддршка за корисниците. МКхост се стреми константно кон подобрување на услугите, надградба на хостинг пакетите, со главна цел корисниците да добијат повеќе за пониска цена.

МКхост е познат Македонски бренд во регионот веќе многу години по професионализмот што го нуди и помага на крајните корисници во остварување на нивните идеи и проекти базирани на интернет мрежата.

Кариера

Сакате да сте дел од МКхост тимот? Пратете ваше CV на МКхост Kариера и убедете не како вашата работа ќе помогне на клиентите на МКхост!