Web Developer



Оглас за работа во МКхост (Web Developer)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата веб девелопер.


Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

  • Развој на веб сајтови

  • Веб дизајн

  • Одржување на веб сајтови на клиентите на МКхост


Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Front-End технологии: HTML / CSS / JavaScript / jQuery / Bootstrap 3, 4

  • SQL бази на податоци (MySQL)

  • WordPresss

  • PHP


Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!


Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00.


Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV на [email protected] најдоцна до 01.03.2019. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ