System Administrator



Оглас за работа во МКхост (Систем администратор)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата систем администратор.


Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

  • Обезбедување на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил и ticketing system)

  • Управување, мониторинг, upgrade и контрола врз безбедноста на Linux системите

  • Решавање на најразлични предизвици поврзани со серверите и услугите на корисниците на МКхост


Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Linux системи (CentOS, Ubuntu, RedHat…) – инсталација, администрација, мониторинг, troubleshooting

  • Domain Name System (DNS)

  • LAMP stack

  • Инсталација и конфигурација на CMS системи (WordPress, Joomla, Drupal)


Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!


Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00.


Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV на [email protected] најдоцна до 01.12.2018. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ