MKhost Premium ИНСТАЛАЦИЈА НА ТЕМПЛЕЈТ
По закуп на некој од MKhost Premium пакетите (Star, Triangle или Diamond), може уште веднаш да преминете на креирање на Вашиот совршен сајт.Со самото активирање на услугите, ќе добиете емаил за Добредојде од МКхост, каде ќе ги имате сите податоци кои ви се потребни за логирање на Вашиот хостинг.
Чекори за инсталација на Вашиот темплејт и креирање на Вашиот веб сајт
- Најавете се на Вашиот cpanel на следниов линк: http://imeto-na-vasion-domen/cpanel (imeto-na-vasiot-domen заменете го со Вашиот домен заедно со наставката пример mkhost.com.mk).Тука се најавувате со податоците за најава (корисничко име и лозинка) кои Ви се испратени во емаил-от за Добредојде на МКхост после активација нa услугите.
- Откако ќе се најавите на Вашиот cpanel, соодветно кликнете на иконата Site Publisher - дел преку кој ќе пристапите до достапните темплејти за инсталација
Во наредниот прозорец изберете го Вашиот домен за кој ќе го креирате веб сајтот, односно ќе го инсталирате темплејтот.
Доколку на истиот хостинг имате повеќе домени во овој дел можете соодветно да го изберете доменот за кој сакате да го креирате Вашиот веб сајт. Исти или различни темплејти може да користите за сите домени поставени на Вашиот хостинг
Во наредниот дел имате детален приказ на сите темплејти кои во моментов се нудат. Најпрво се наоѓаат специјално дизајнираните темплејти на МКхост, а подолу и дифолтните теми на cpanel.
Специјално дизајнираните темплејти на МКхост се респонзивни и дизајнирани за Ваши специфични потреби.
Исто така, детално се објаснети сите полиња и копчиња кои треба да се пополнат, со цел успешна инсталација на темплејтот, а со тоа и успешно креирање на Вашиот веб сајт. Во овој дел ќе биде потребно да го одберете темплејтот кој сакате да го инсталирате.
По избор на посакуваниот темплејт, последниот чекор е пополнување на Вашиот веб сајт со соодветната содржина.
Полињата кои треба да се пополнат се детално објаснети. Потребно е да внесете име на Вашиот веб сајт, лого на Вашата компнија, а потоа во зависност од темплејтот, да пополните мени и соодветни параграфи, како и upload на Ваши слики.
За поставување на слики на Вашиот веб сајт процедурата е следна.
- Отворете го вашиот cPanel
- Изберете ја иконата File Manager
- Изберете public_html
- Целта е сликите да ги аплоадирате во фолдерот images кој се наоѓа во public_html директориумот. Од таму, кликнувате на Upload и ги избирате сликите кои сакате да ги поставите на Вашиот веб сајт.
Откако истите ќе бидат успешно аплоадирани, ќе биде потребно во делот на внесување на слики на Site Publisher да го внесете линкот на секоја слика одделно.Линкот на сликата е: http://imeto-na-vasiot-domen/images/imeto-na-prikacenata-slika.png (НАПОМЕНА: сите слики мора да се .png формат)Доколку сликата веќе ја имате на Интернет нема потреба истата да ја симнувате локално на Вашиот компјутер, а потоа сооодветно да ја поставувате на хостингот. Потребна ќе Ви биде само адресата на сликата, односно линкот до сликата
- Откако ќе ги пополните сите полиња кои сакате да стојат на Вашиот веб сајт, кликнете на Publish. Со тоа, Вашиот сајт ќе биде креиран. За да го погледнете крајниот резултат, посетете го вашиот сајт http://imeto-na-vasiot-domen
Доколку имате било какви прашања или потешкотии при инсталација погледнете го и нашиот видео туторијал, или контактирајте лице на МКхост на 02 2779 444 или на [email protected]