Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт и како можам да ги менувам PHP settings?

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?


Како наши корисници имате можност за користење на различни верзии на PHP (5.4 , 5.5 , 5.6, 7.0, 7.1, 7.2 ) кои ги нудат нашите сервери. За различни домени на хостингот сега може да се користат различни верзии на PHP (Пример: носечкиот домен може да ја користи PHP 7.0 верзијата, а Addon доменот може да ја користи PHP 5.4 верзијата).
Исто така и промената на PHP settings може да се направи за различни домени на хостингот.
Вие ја имате можноста сами да изберете која PHP верзија сакате да ја користите и истото можете да го направи на следниов начин:


Чекор 1: Логирајте се на Вашиот cPanel акаунт: ( www.imeto_na_vas_domen/cpanel и потоа внесете ги соодветно корисничкото име и лозинката за најава).


Чекор 2: Во делот software  кликнете на multiPHP_manager како што е покажано на сликата.

slika1-PHP



Чекор 3:   На сликата до името на Вашиот домен ја пишува моменталната PHP верзија (Пример: на сликата подолу моментално се користи PHP верзијата ea-php56).
Доколку сакате да ја промените моменталната PHP верзија прво го селектирате  доменот на кој што сакате да ја направите промената, бидејќи сега за различни домени на хостингот може да се користат различни верзии на PHP (Пример: носечкиот домен може да ја користи PHP 7.0 верзијата, а Addon доменот може да ја користи PHP 5.4 верзијата).Од како ќе селектирате за кој домен сакате да ја направите промената во делот PHP Version од drop down менито ја одбирате посакуваната PHP верзија (одберете верзија со 'ea' префикс) и кликнете на Apply.



slika2-PHP


                                     

Како можам да ги менувам PHP settings?



Доколку сакате да промените одредени подесувања на PHP кои се разликуваат од оние дифолтните истото можете да го направите на следниот начин:


Чекор 1:  Во делот Software кликнете на   МultiPHP_INI_Editor како што е покажано на сликата.

slika3-PHP



Чекор 2: Во делот select a location одберете го конкретниот домен каде што сакате да направите одредени подесувања. Промената на PHP settings може да се направи за различни домени на хостингот.



slika4-PHP



Чекор 3:  Потоа имате дел од параметрите кои може да ги менувате. Во десниот дел подесете ги посакуваните вредностите и кликнете Apply.



slika5-PHP

 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да инсталирам Wordpress и соодветна тема користејќе го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги...

Како да инсталирам Joomla користејќи го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги...

MKhost Premium ИНСТАЛАЦИЈА НА ТЕМПЛЕЈТ

По закуп на некој од MKhost Premium пакетите (Star, Triangle или Diamond), може уште веднаш да...

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?

Нашите сервери ја нудат опцијата за користење на различни верзии на PHP (5.2 , 5.3 , 5.4, 5.5 )....

Што е Addon domain?

"Addon" домен  е нов и уникатен вебсајт хостиран во нов фолдер на вашиот акаунт. Кога...