Kреирање на филтри преку Global Email Filters и Apache SpamAssassin

 

Дали добивате многу спам пораки? Или само сакате да филтрирате некои пораки?
cPanel ви ја нуди оваа можност.

Во cPanel постои опција за креирање на филтри преку алатката Global Email filters.

Оваа алатка ќе Ви помогнат да ги филтрирате пораките до сандачето до кое сакате пораките да пристигнат.

Овие филтри можете да ги креирате на следниот начин:

 

1. Најавете се на Вашиот cPanel.

 

2. Во делот Email одберете ја опцијата  Global Email filters како што е прикажано на сликата во прилог.


https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter1.png


3. Потоа одете на Create a New Filter (слика во прилог).



https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter2.png


4. Bo следниот чекор потребно е да го креирате филтерот.


https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter3.png

Пополнете ги празните полиња:

 Filter Name - името што сакате да го користите за овој специфичен филтер (Пример: Spam, Inbox итн.)
 
 Rules
-  тука поставувате правило или комбинација на правила.

 Во делот означен со бројот 1 потребно е да одберете една од понудените опции.
 На пример доколку сакате од некој конкретен мејл да се филтрираат пораките тогаш поставувате From, ако
 сакате со конкретен наслов тогаш поставете Subject итн.

 Во делот означен со бројот 2 доколку одберете на пример contains или does not contain потребно е да
 поставите (во делот означен со бројот 3)
 дел или збор кој што се содржи во сите пораки кои сакате да ги
 филтрирате.  

 Доколку поставите begins with или ends with ќе ги филтрирате пораките кои започнуваат или завршуваат со
 конкретниот дел или збор 
кој ќе го поставите во делот означен со број 3.
 Поставувате правило или комбинација на правила со користење на  и / или операторите ( + ).

 Actions
- какво дејство треба филтерот да го преземе:

 Discard Message - да ја отфрли порака,
 Redirect to Email – да редиректира кон мејлот,
 Fail With Message – доколку пораката е неуспешна,
 Stop Processing Rules - престанок на обработка на правилата,
 Deliver to Folder – да се доставува пораката до одреден фолдер,
 Pipe to a Program  - да се пропушти до програмата.

 Потоа одете на Create и со тоа Вашиот филтер е креиран.

 Од како ќе креирате одреден филтер истиот можете да го менувате или избришете кога нема да Ви биде
 повеќе потребен.


 Овие филтри најчесто се најпогодни да ги креирате на својот хостинг со цел да се намали бројот на влезни
 спам пораки. Креирањето е лесно и во неколку чекори, а ќе Ви помогнат полесно да се справите со спам
 пораките.

 Доколку често примате спам пораки од некој конкретен домен или можеби валидни пораки, но истите не
 сакате да ги добивате тогаш можете да ја користите алатката Apache SpamAssassin.


 Најавете се на Вашиот cPanel и потоа одете во делот Email. Одберете ја опцијата Apache SpamAssassin како
 што е покажано на сликата во прилог.


https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter4.png


Потоа  одете на делот configure Apache SpamAssassin (слика во прилог).


https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter5.png


Во делот blacklist_from поставете го доменот или мејл адресата од која што не сакате да Ви пристигнуваат мејлови.

На сликата во прилог делот означен со број 1 значи дека не сакате да примате пораки од ниеден мејл акаунт на тој домен. Нашиот пример значи дека повеќе нема да пристигнуваат пораки од доменот proba.mk.
Делот означен со број 2 значи дека не сакате да примате пораки од конкретна мејл адреса. Во нашиот пример пораките од мејл адресата [email protected] повеќе нема да пристигнуваат.


https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter6.png


Потоа кликнете на Save и со тоа имате додадено мејл адреси или домени на blacklist. Постапката е иста доколку сакате да додадете мејл адреса или домен на whitelist (whitelist_from).  

 

 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да променам лозинка на одредена e-mail адреса?

Процедура за промена на лозинка на дадена e-mail адреса.    Чекор 1: Логирајте се на вашиот...

Најчести проблеми и решенија поврзани со Вашите мејл адреси

  Во овој туторијал детално ќе ги објасниме проблемите кои може да се појават со Вашите мејл...

Детални инструкции за Professional Spam Experts

Со цел зголемување на безбедноста и веродостојноста на емаил сервисот, МКхост целосно го...

Поставување на Mail Forwarders

Поставување на Мail Forwarders Кога еден акаунт има потреба да ги fw пораките од неговиот кон...

Како да креирам е-маил адреса?

Во денешново „Интернет време“, кога се се базира и врти околу Интернет,  освен што е важно да...