Што e веб хостинг, а што домен?

ВЕБ ХОСТИНГ

Веб хостинг (English: Web Hosting) претставува простор алоциран на сервер, кој е прикачен на брза интернет конекција. Просторот е одредуван од страна на хостинг компаниите. МКхост нуди повеќе хостинг пакети со помал и поголем простор. Веб хостингот всушност не претставува само хостинг простор, туку еден вид на сервис кој што вклучува уште неколку функции/можности како:

- сообраќај (English: Bandwidth), претставува месечниот трансфер на податоци (слики, текстови, најразлични фајлови прикачени на хостинг серверот) кои се пренесуваат помеѓу посетителите, корисниците и хостинг серверот

- емаил адреси со помош на кои ќе испраќате и примате е-маил пораки до вашите пријатели/соработници...

- backup поддршка - се однесува на backup кој што е повеќе од потребен поради ненадејно губење на податоците, независно дали поради клиентска ненамерна грешка, хакерски/кракерски напад, или пак хардверски проблеми на серверот

- control panel - панел кој ќе ви овозможи полесно менаџирање со хостинг услугата, така што со само неколку клика ќе може да креирате емаил адреса, или пак да инсталирате некоја скрипта (пр. Joomla)

ДОМЕН

Домен претставува името кое е карактеристично за секој веб сајт. Препознатливото домен име на МКхост е mkhost.com.mk, преку кое Вие нè посетувате и всушност сега го читате овој пост.

Сите веб сајтови на Интернет првично функционираат со IP адреси доделени од страна на хостинг серверите каде што се хостираат истите, меѓутоа многу е тешко да запомниме IP адреси (пр. 174.133.183.58), па затоа ги користиме домените кои лесно се памтат. 

Домените се уникатни и не може да има два исти домени. Возможно е да има две исти имиња со различна наставка (пр. mkhost.org , mkhost.com.mk и слично). Крајните наставки не се многу важни при користењето и немаат строги правила во користењето, но препорачливо е доколку вашата веб страна таргетира посетители од Македонија, наставката да биде .mk со што би се знаело дека доменот има врска со Македонија.

Доколку Вие сакате да регистрирате домен, тоа можете да го направите преку МКхост, едноставно кликнете на следниот линк и изберете го името што сакате да го резервирате и искористите за креирање на Вашиот веб сајт.


War diese Antwort hilfreich?

 Artikel drucken

Lesen Sie auch

Кои се начините на плаќање?

Како може да платам за услугите на МКхост?МКхост сега за сега нуди два начини на уплата и тоа: -...

Плаќање со кредитна картичка

Имате неплатена профактура, а истата сакате да ја платите со кредитна картичка? Тогаш процедурата...

Колку време е потребно за активација на услугите?

Ова е едно од често поставуваните прашања од нашите идни клиенти. Повеќето од нив имаат потреба...

Како да променам лозинка на мојот cpanel акаунт?

Лозинката за најава во вашиот контролен cpanel може да ја менувате во било кое време. Постојат...

Како да ја префрлам мојата веб страница во МКхост?

За една веб страница соодветно да функционира и да биде пристуна на Интернет потребно е да има...