Сакам да регистрирам домен, но сакам да биде хостиран на друг провајдер.

 

Да, може да регистрирате домен преку МКхост и истиот да го хостирате на друг провајдер.

Првин проверете дали домен името што сакате да го регистрирате е слободно за регистрација. Доколку е веќе зафатено и друг го има, обидете се со друго име или друга наставка.

Проверка на домен имиња може да правите на следниот линк.

Неколку информации и совети при избор на домен име што МКхост ви ги препорачува може да ги прочитате на овој линк.

Кога конечно ќе се одлучите за вашето домен име, слободно може да извршите нарачка на доменот, секако доколку е слободен за регистрација.
Можете да си го регистрирате доменот и да го поставите на наш сервер, колку само да го имате и да си го чувате за во иднина кога ќе планирате да го активирате и да си креирате свој веб сајт.
Или пак да го регистрирате доменот и да го хостирате на друг сервер. МКхост нема да се буни, ниту да направи препрека во ова. Слободно може да го хостирате својот домен каде што ќе посакате, а во иднина доколку сакате да ја промените хостинг компанијата да вршите промена на ДНС серверите во било кое време.

1) Ако се работи за интернационален домен (com/org/net и слични други наставки) - тогаш со самата активација на доменот од наша страна си добивате посебен контрол панел за доменот каде што ќе може да вршите менаџирање и во секое време самите да си правите промена на ДНС сервери, промена на контакт информациите, дури доделуваме и бесплатно форвардирање, бесплатно менаџирање на рекордите на доменот...
По потреба ќе може да извршите трансфер на доменот на друг регистрар. МКхост нема никогаш да го попречи ова. Вие имате директен пристап до доменот и може да вршите отклучување на истиот, како и добивање на EPP код за трансфер.

2) Ако се работи за Македонски домен (com.mk / mk / net.mk) - тогаш ќе треба однапред да имате закупено хостинг простор кај некој провајдер / односно да биде поставен на хостинг серверот каде што ќе планирате да си го хостирате сајтот.
При овој процес ќе треба да бидат задоволени неколку барања што Македонскиот регистрар ги побарува кога се регистрира ново домен име, а исто така и кога се прават промена на ДНС серверите, а тоа се:
- Барателот е должен, пред поднесувањето на барањето, да обезбеди најмалку два коректно поставени именски опслужувача за предметниот домен, видливи на интернет.
- Коректно поставени именски опслужувачи (ДНС сервери) се оние опслужувачи кои имаат соодветна програмска поддршка за именско опслужување и притоа:

• имаат точно еден SOA запис за предметниот домен
• имаат NS запис за секој именски опслужувач
• имаат А запис за секој именски опслужувач
• сите именски опслужувачи даваат идентичен одговор на упити во поглед на претходните 3 точки.

МКхост може да го регистрира .mk домен името со било кои ДНС сервери кои ги исполнуваат горенаведените услови. Доколку има грешки во поставеноста на доменот, МКхост ќе ве извести за да превземете мерки и да ги исправите грешките се` со цел успешна регистрација на mk доменот.

Периодот за регистрација на интернационалните домени е моментален и е веднаш по уплатата на доменот.
Додека пак периодот за регистрација на Македонските домени обично трае од 1-5 работни дена и зависи од тоа дали ќе биде однапред правилно поставен доменот на хостинг провајдерот. Ако сте навеле ДНС сервери за новиот домен, а истиот не е правилно поставен процедурата може да се одовлече и да потрае подолго се` додека не ги средите грешките со поставеноста која погоре ја објаснивме.

Доколку поставувањето на доменот не ви е јасна, доставете ги овие податоци на вашиот хостинг провајдер и тој точно ќе знае како да го постави доменот.

Други операции по регистрација на Македонски домен се:

  • можност да го префрлите доменот на име на друга личност или компанија преку МКхост во секое време
  • можност да се префрли доменот на име на друга компанија со издавање на документ од МКхост
  • можност да се избрише доменот и да не постои повеќе
  • промена на ДНС сервери по потреба

По активација на Македонскиот домен, МКхост ќе ве извести преку емаил.

МКхост има регистрирано над 1000 Македонски домени и илјадници интернационални домени за нашите клиенти до сега и може да кажеме дека сме прва компанија во Македонија која има регистрирано добар процент од Македонските домени на интернет сферата.
Може да се пофалиме и со одличната поддршка за нашите клиенти при процесот на оддржување и менаџирање на домените преку МКхост.

Нашето задоволство кај клиентите секогаш ни` е приоритет.

 

www.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како до *.mk домен?

Регистрација на mk , com.mk , net.mk , org.mk , edu.mk и inf.mk домени МКхост нуди...

Промена на информации за административен и технички контакт

При регистрација на домен потребно е да поставите податоци за административен и технички контакт....

Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

Доколку имате регистрирано домен во МКхост може да го промените регистрантот (сопственикот) на...

Редирекција на .mk домени

МКхост за своите клиенти овозможи нова функционалност - редирекција на домен кон веќе постоечка...

Како да го трансферирам мојот домен во МКхост?

Доменот од било кој регистрар може да го трансферирате во МКхост, без разлика дали се работи за...