Колку време е потребно за активација на услугите?

Ова е едно од често поставуваните прашања од нашите идни клиенти.

Повеќето од нив имаат потреба брзо да дојдат до нашите услуги и да ги добијат во што е можно поскор временски интервал. Причината за ова е најверојатно потребата од рекламирање на интернет, воспоставување на контакт со свои партнери и снабдувачи, емаил комуникација со свое брендирано домен име, или пак префрлање на хостингот од друго место на серверите на МКхост од било која причина.

Во сите случаи, МКхост секогаш излегува во пресрет на своите клиенти и сака да ги опслужи најбрзо и со максимално задоволство.

Па така ќе го наведеме временскиот интервал кој е потребен за активација на некои од нашите услуги:

  • Времето на активација на македонски (mk /com.mk /net.mk/ мкд ...)  и интернационални имиња на домени  (com / org / net... ) е моментално и се одвива веднаш по завршување на уплатата.
    Па така, доколку сакате да купите интернационален домен и уплатата ја реализирате веднаш со вашата кредитна картичка, очекувајте доменот да ви биде активиран веднаш и да добиете потврда преку емаил за регистрацијата. Избор на интернационален домен е одлично решение ако го планирате бизнисот интернационално или едноставно сте се одлучиле за домен име со глобална наставка или пак ви се брза и сакате да го имате домен името веднаш. Чести се и случаите кога одредени клиенти ќе „начекаат“ интересно домен име кое е слободно, па сакаат веднаш да си го купат и нарачаат се со цел да не им го регистрира друг пред нив.
  • Времето на активација на хостинг пакетите е моментален и се одвива веднаш по завршување на уплатата.
    Па така, ако на пример сте нарачале BASIC хостинг пакет и веднаш го уплатите со вашата кредитна картичка, МКхост автоматски го сетира хостингот и ви ги испраќа сите информации преку емаил, па може веднаш да се логирате и да си го поставите својот веб сајт.
  • Ако извршите нарачка на комбинација од веб хостинг и интернационален или македонски домен и уплатата се реализира веднаш, тогаш очекувајте за само неколку минути да имате свој веб сајт кој ќе биде видлив на интернет и ќе може да работите со него, да креирате емаил сандачиња и истите да ви функционираат од моментот на активацијата.

МКхост се стреми активацијата на услугите да биде моментална и автоматска, со што нашите клиенти ќе го добијат она што го сакаат за најкратко можно време.

Доколку имате нешто да додадете или да не прашате, вашите коментари секогаш се добредојдени.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да ја префрлам мојата веб страница во МКхост?

За една веб страница соодветно да функционира и да биде пристуна на Интернет потребно е да има...

Како да променам лозинка на мојот cpanel акаунт?

Лозинката за најава во вашиот контролен cpanel може да ја менувате во било кое време. Постојат...

Како да ја променам лозинката на некоја е-маил адреса?

За да ја промените лозинката на некоја е-маил адреса, треба да се логирате во вашиот cPanel:...

Пример пополнети уплатници (УРНЕК)

Пополнета уплатница при плаќање на сметка на Тутунска Банка АД Скопје Пополнета уплатница при...

Кои се начините на плаќање?

Како може да платам за услугите на МКхост?МКхост сега за сега нуди два начини на уплата и тоа: -...