Кои се начините на плаќање?

Кои се начините на плаќање?

Како може да платам за услугите на МКхост?

МКхост ги нуди следниве начини на уплата и тоа:


Online директна уплата со кредитна или дебитна картичка
Поддржани се најголемите брендови на картички и тоа VISA, VISA ELECTRON, MASTERCARD, MAESTRO, како и наши домашни картички. 

На жиро сметките на МКхост:


МКХОСТ ДООЕЛ
Жиро Сметка: 210-0613667201-77
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

МКХОСТ ДООЕЛ
Жиро Сметка: 270-0613667201-84
ХАЛКБАНК АД Скопје

Уплатите на нашите жиро сметки може да ги вршат компании / организации / физички лица врз основ на профактура која ќе им биде издадена од наша страна по направената нарачка. По уплатата, МКхост испраќа оригинална фактура по пошта.

При уплата на нашата жиро сметка Ве молиме наведете го бројот на профактурата во делот за повикување на број или цел на дознака.

 

- Bank Transfer (за уплати од странство)
Доколку живеете надвор од Македонија, тогаш може да уплатите преку Bank Transfer и да го испратите трансферот на средствата на следната сметка:


MKHOST DOOEL KUMANOVO
NLB TUTUNSKA BANKA AD SKOPJE
12 Makedonska Brigada 20
1000 Skopje
MACEDONIA
SWIFT: TUTNMK22
IBAN : MK07210701000391012
Account No: 0070100039107
При секој трансфер додадете плус 500 денари претворени во долари или евра како и чекирајте ја опцијата дека сите трошкови за трансферот ќе бидат платени од ваша страна.

Плаќање со кредитна картичка

Имате неплатена профактура, а истата сакате да ја платите со кредитна картичка? Тогаш процедурата е следна:

Се најавувате во корисничката сметка => кликате на делот за Неплатени сметки => прегледај профактура => и овде доколку не Ви е избран начинот на плаќање Credit Card го избирате од листата. Потоа кликате на => PAY NOW , со што ќе бидете редиректирани до системот на банката каде треба да ги внесете информациите од картичката и кликате на => SUBMIT.



Во следниот чекор одбирате Credit Card, потоа кликате на копчето Pay Now.


Сега веќе сте редиректирани на сајтот на банката каде што ги внесувате информациите за Вашата картичка:

     - Го внесувате бројот на Вашата картичка

     - Избирате датум на истек на Вашата картичка (месец и година)

     - Го внесувате CVV кодот (три цифрен број) кој што се наоѓа од задната страна на картичката
 
     - И последниот чекор => кликате на Submit. Потребно е да почекате неколку секунди

Доколку е се во ред, ќе бидете пренасочени на страната на МKхост и профактурата автоматски ќе биде забележана како платена.




Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Што e веб хостинг, а што домен?

ВЕБ ХОСТИНГ Веб хостинг (English: Web Hosting) претставува простор алоциран на сервер, кој е...

Како да ја променам лозинката на некоја е-маил адреса?

За да ја промените лозинката на некоја е-маил адреса, треба да се логирате во вашиот cPanel:...

Разлики помеѓу Linux и Windows хостинг платформи. На која платоформа да го хостирате вашиот веб сајт?

Доколку планирате да стартувате сопствен веб сајт едно од почесто поставуваните прашања е на...

Како да си нарачам хостинг пакет/домен?

 Нарачка може да направите директно преку сајтот на МКхост, или едноставно да ни се јавите или...

Како да ја променам лозинката на системот за клиенти?

За да ја промените лозинката на системот за клиенти, кликнете на овој линк. Потоа кликате...