Како да си го префрлам сајтот од друг хост на МКхост?

Имате проблеми со вашиот хост провајдер? Плаќате многу пари? Поддршката на моменталниот хост е лоша? За секоја промена на сајтот треба да се јавувате на хост провајдерот? За крерање на нова емаил адреса треба да го контактирате хостот? Споро ви се отвара вашиот веб сајт? Повеќето од времето не работи?

Доколку одговорот на овие прашања е потврден, тогаш треба веднаш да го трансферирате вашиот веб сајт на серверите на МКхост.

Која е процедурата за трансфер на мојот сајт на серверите на МКхост?

Најбрзо, наједноставно и најбезболно може да го трансферирате сајтот на МКхост следејќи ги следните 5 чекора:

  1. Изберете еден од хостинг пакетите што ги нудиме на нашиот веб сајт: http://mkhost.com.mk/
    Сите хостинг пакети имаат слични карактеристики, се разликуваат само во однос на хостинг просторот како и месечниот трансфер и во бројот на домени кои може да ги хостирате на дадениот хостинг пакет. Ако вашиот веб сајт тежи помалку од 1000mb тогаш може да го закупите првиот BASIC пакет. Овој избор би ви бил идеален доколку во блиска иднина не планирате да хостирате уште домени, како и не планирате да го надоградувате веб сајтот, па да ви биде потребен поголем простор. Во секој момент во иднина ќе може да преминете од еден на друг пакет.
  2. Завршете ја нарачката и уплатете ја профактурата што ќе ви се генерира.
    Кога веќе сте одлучни и знаете кој хостинг пакет ќе одговара за вашиот веб сајт, кликнете на нарачај за да го нарачате истиот. Веднаш уште во првиот чекор од нарачката ќе бидете прашани дали сакате МКхост да регистрира нов домен за вас или веќе имате ваше домен име. Вие ќе ја изберете втората опција, затоа што веќе си имате свое домен име и ќе ја завршите нарачката до крај. По завршување на нарачката ќе ви биде генерирана профактура со единствен број. Профактурата може да ја уплатите на нашата жиро сметка или online со кредитна / дебитна картичка. Веднаш по уплатата МКхост го активира и сетира хостинг пакетот. Доколку уплатите со кредитна картичка, активацијата е автоматска и хостингот ќе го добиете веднаш. Сите информации за логирање, објаснувања и слично ќе ги добиете на емаил.
  3. Префрлање на сајтот од стариот хост провајдер на МКхост.
    Доколку оваа процедура ви изгледа сложена и неможете да се снајдете, МКхост е тука да ви помогне. Дури може и ние да го направиме целиот овој трансфер за вас. Само ќе треба да ни ги доставите логин информациите од стариот хост и да уживате додека го сториме тоа.
    Сега веќе имате два активни хостинг акаунти. Стариот хостинг, како и новиот од МКхост кој штотуку го добивте. Сега е потребно да се префрлат фајловите како и сите сервиси од стариот хост на МКхост. Веќе ги имате информациите за логирање. Треба да започнете со превземање на сите датотеки и директориуми од стариот хост. Превземањето може да го извршите преку FTP пристап (Filezilla е одличен клиент програм за користење на FTP протоколот). Ги превземате сите информации од стариот хост на вашиот локален компјутер.
    Кога веќе ги имате сите податоци на вашиот локален компјутер, вршите компресирање / зипување во една .zip датотека. Во оваа датотека ви се наоѓаат сите податоци од вашиот сајт (освен бази и емаилови доколку има). Зип фајлот го прикачувате на новиот хост (исто преку FTP ) од МКхост и го сместувате во public_html директориумот. Веднаш се логирате во cPanel контрол панелот и го избирате File Manager. Зипуваната датотека веќе треба да ја увидите. Ја селектирате со кликнување на неа и потоа ја избирате опцијата Extract. Ова ќе ги одзипува сите информации на хостот на МКхост. По зи завршуфање на одзипувањето избришете ја .zip датотеката.
    Со ова сте ги префрлиле сите фајлови и фолдери од стариот на новиот хост.
    Доколку на стариот хост сте имале и одредени mySql бази на податоци, потребно е и нив да ги префрлите. Доколку незнаете како да направите Backup на базата на податоци на вашиот стар хост, тогаш контактирајте го хостот да ви објасни или да ви го испрати backup фајлот (.sql) од базата на податоци.
    Кога веќе го имате и сте направиле backup на базата, ќе треба истата да ја ресторирате на серверот на МКхост. Логирајте се во cPanel и одете во делот за Mysql Databases. Креирајте нова база на податоци. Кога ќе ја креирате вратете се едно ниво назад, во Home на cPanel и изберете ја функцијата: PHPMYADMIN. Кликнете на базата што ја креиравте и изберете IMPORT. Селектирајте го .sql фајлот од вашиот компјутер и извршете upload. Доколку не ви врати грешки базата успешно сте ја импортирале и ресторирале на нашиот хост сервер. Потоа потребно е да креирате корисничко име за базата и да ги подесите овие конекциски конфигурации во connection фајлот од софтверот што ќе ја користи базата.
    Доколку оваа процедура ви изгледа сложена и неможете да се снајдете, МКхост е тука да ви помогне. Дури може и ние да го направиме целиот овој трансфер за вас. Само ќе треба да ни ги доставите логин информациите од стариот хост и да уживате додека го сториме тоа.
  4. Ре-креирање на емаил адресите (доколку користите емаил сандачиња).
    Доколку на стариот хост сте користеле и емаил адреси, тогаш истите ќе треба да се креираат и на хостот на МКхост. Едноставно логирајте се во cPanel и во одделот за Email Accounts креирајте си ги адресите со саканите лозинки.
  5. Промена на именските опслужувачи (ДНС сервери) на вашиот домен.
    Кога веќе го имаме префрлено целиот сајт заедно со сите сервиси, може да здивнете. Останува уште еден чекор кој ќе треба да го направите за да се комплетира целиот транфер.
    Ако користите Македонски домен - ќе треба да испратите барање за промена на именски опслужувачи (ДНС сервери) до Марнет - Македонскиот регистрар на интернет домените. Кога тие ќе го добијат барањето ќе ја извршат промената и веќе вашиот сајт ќе работи на серверите на МКхост.
    Ако користите интернационален домен (com / org / net) и слично, тогаш вие самите може да ги промените ДНС серверите со логирање во панелот за менаџирање на домени на регистрарот каде што сте го закупиле доменот. Доколку сакате можете и интернационалниот домен да го трансферирате на МКхост. За било какви дополнителни прашања во врска со процесот на трансфер на хостинг / домен контактирајте не.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Дали е возможно во иднина да преминам на друг пакет?

Да, во секое време ќе може да го промените хостинг пакетот.Ќе може да преминете на поголем пакет,...

Искористеност на хостинг просторот - Disk usage

Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои Вие може да ги користите за да ја проверите...

Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува...

Што е разлика помеѓу Linux и Windows хостинг?

  Разлики помеѓу Linux и Windows хостинг платформи. На која платформа да го хостирате...

Туторијал за промена на име на домен за дадена инсталација на WordPress

    Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои МКхост тимот најчесто ги користи за промена...