Како да го поврзам веб сајтот со хостингот по активацијата?

По активација на хостингот МКхост ќе ви испрати емаил со сите информации за него на вашата емаил адреса. Детално прочитајте го целиот емаил и пронајдете ги информациите за логирање.

Ќе добиете информации за логирање преку FTP протоколот, како и истите информации ќе ги користите за логирање во cPanel хостинг контрол панелот преку кој ќе може да креирате емаил сандачиња, бази на податоци, да правите редирекции, па дури и да едитирате фајлови и да вршите прикачување на нови фајлови и креирање на фолдери.

Прикачување на фајловите од вашиот веб сајт може да ги извршите на два начина:

  • Користење на FTP протоколот
    За да ги прикачите фајловите преку FTP ќе треба да имате инсталирано одреден FTP клиентски софтвер на вашиот компјутер. МКхост го препорачува FileZilla . Кога ќе го инсталирате програмчето на вашиот компјутер, ќе треба да се поврзете со хостингот. Во делот каде што пишува Hostname ќе го внесете името на вашиот домен (само ако истиот е регистриран и активен на интернет како и на серверите на МКхост), или IP адресата од серверот што МКхост веќе ви ја има испратено на емаилот за активација. Во делот за username ќе го внесете корисничкото име, како и до него лозинката. Кај порт внесете 21 и кликнете на Connect. Доколу правилно се внесени податоците ќе ве конектира на FTP серверот до вашиот штотуку активиран хостинг. Од лева страна се наоѓаат фајловите и податоците од вашиот компјутер, додека пак во десното прозорче се наоѓаат фајловите и податоците кои моментално се на хостингот. Кликнете двојно на public_html директориумот на хостот за да влезете во него. Таму ќе ги поставите сите фајлови од вашиот компјутер. Едноставно може да ги селектирате од левото прозорче и со влечење да ги префрлите во десното прозорче. Со тоа ќе почне процесот на прикачување на фајловите и на крај ќе треба да проверите дали сите фајлови и директориуми успешно се имаат трансферирано. Ако да, тогаш ќе може да го отворите вашиот домен и да проверите дали фајловите ви се префрлени.
  • Користење на cPanel хостинг контрол панелот
    Логирајте се преку моменталниот линк за cPanel или доколку вашиот веб сајт е активен: http://imenavasiotdomen.com/cpanel
    Кога ќе се логирате кликнете на иконата File Manager. Ќе ви се отвори ново прозорче каде што ќе може да ги прегледате моменталните фајлови на вашиот хостинг, како и да извршите прикачување, бришење, креирање на нови фајлови. За да извршите прикачување на фајловите изберете ја опцијата Upload и селектирајте ги фајловите кои сакате да ги прикачите. File Manager нуди и опција за одзипување на фајлови, па така може да прикачите само еден зипуван фајл и истиот да го одзипувате на хостингот со што ќе си заштедите време и ресурси.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Туторијал за промена на име на домен за дадена инсталација на WordPress

    Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои МКхост тимот најчесто ги користи за промена...

Backup/Restore на хостинг акаунт и релеванти сервиси

cPanel платформата ви овозможува backup-ирање на податоците од вашиот хостинг, кои се неопходни...

Што е разлика помеѓу Linux и Windows хостинг?

  Разлики помеѓу Linux и Windows хостинг платформи. На која платформа да го хостирате...

Дали е возможно во иднина да преминам на друг пакет?

Да, во секое време ќе може да го промените хостинг пакетот.Ќе може да преминете на поголем пакет,...

Како да си го префрлам сајтот од друг хост на МКхост?

Имате проблеми со вашиот хост провајдер? Плаќате многу пари? Поддршката на моменталниот хост е...