Како да си нарачам хостинг пакет/домен?

 Нарачка може да направите директно преку сајтот на МКхост, или едноставно да ни се јавите или пишете на емаил, ние ќе ја направиме нарачката за вас и ќе ви ги објасниме деталите за уплата и активација.

 Инструкции за нарачка на домен/хостинг пакет самостојно 

  •    - Нарачка на домен со или без хостинг пакет

    Чекор 1: На нашата веб страница најпрво проверете дали доменот кој сакате да го закупите е слободен за регистрација. Тоа може да го направите во делот "Пребарајте го вашиот совршен домен“

    Prebaruvanje na domen

    Доколку доменот е слободен може веднаш да го нарачате (закупите) со кликање на КУПИ ДОМЕН, во спротивно може да одберете друг домен кој е слободен за регистрација. 

    Чекор2: Откако ќе изберете КУПИ ДОМЕН направената нарачка ќе се забележи во вашата кошничка за нарачки. Доколку сакате да продолжите со нарачката слободно кликнете на НАРАЧАЈ во делот на вашата кошничка за нарачки.

    Naracka na domen

  

  Чекор 3: Ќе ви се појави нов pop-out прозорец. Доколку сакате да закупите и хостинг за вашиот домен кликнете на Сакам и хостинг, доколку не, кликнете само на Сакам само домен. 


         Dali sakas domen

 

        Чекор 4. Доколку кликнете на Сакам и хостинг ќе бидете однесени на нов прозорец каде треба да го одберете пакетот за кој сте заинтересирани и кој најмногу би ви одговорал. Откако ќе сe одлучите за пакетот кликнете на НАРАЧАЈ ВЕДНАШ. Доколку кликнете на Сакам само домен тогаш повторно ќе бидете однесени на нов прозорец за да ја завршите нарачката.

 

      Odberi hosting

         Чекор 5: Нарачката се завршува со тоа што ги внесувате вашите податоци потребни за закуп на хостинг/регистрација на домен.    

  •    - Во делот Регистрирај се нашишете ги вашите податоци. 
       - Во делот Лозинка, генерирајте лозинка со која ќе се најавувате со корисничкиот дел на МКхост и ќе управувате со вашиот домен, ќе гледате неплатени сметки          итн,
  •    - Во делот Информации за нарачка проверете ја нарачката која сте ја направиле. 
  •    - Изберете метод на плаќање и кликнете на Се согласувам со условите (откако истите ќе ги прочитате). 
  •    - На крај кликнете на ПОТВРДИ НАРАЧКА 
Со тоа нарачката е завршена и веднаш ќе ја добиете генерирата профактура која може веднаш електронски да ја платите да си симнете во pdf формат


  • - Нарачка на хостинг без домен 

          Чекор 1: На нашата веб страница во делот ХОСТИНГ ПАКЕТ ПО ВАШ ИЗБОР разгледајте ги пакетите кои ние ги нудиме. Според вашите потреби одбрете го пакетот кој најмногу би ви одговарал и за да го нарачате истиот кликнете на НАРАЧАЈ ВЕДНАШ

 

        Odberi hosting

         Чекор 2: Во новоотворениот прозорец, доколку не сакате да регистрирате нов домен кликнете на Веќе имам свој домен и напишете го името на доменот кој веќе го  поседувате и кој ќе биде носечки домен на пакетот кој го закупувате. На крај кликнете на ПРОДОЛЖИ 

 

        Ime na domen

       Чекор 3: Во новоотворениот прозорец завршете ја нарачката со внесување на потребните податоци за закуп на хостинг пакет.   

  •    - Во делот Регистрирај се напишете ги вашите податоци. 
  •    - Во делот Лозинка, генерирајте лозинка со која ќе се најавувате со корисничкиот дел на МКхост и ќе управувате со вашиот домен, ќе гледате неплатени сметки          итн,
  •    - Во делот Информации за нарачка проверете ја нарачката која сте ја направиле. 
  •    - Изберете метод на плаќање и кликнете на Се согласувам со условите (откако истите ќе ги прочитате). 
  •    - На крај кликнете на ПОТВРДИ НАРАЧКА
Со тоа нарачката е завршена и веднаш ќе ја добиете генерирата профактура која може веднаш електронски да ја платите да си симнете во pdf формат

 Доколку имате некакви прашања или проблеми при вршење на нарачките слободно контактирајте не во секое време.

 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Што e веб хостинг, а што домен?

Веб хостинг ( English: Web Hosting ) едноставно претставува простор алоциран на сервер прикачен...

Како да ја променам лозинката на некоја е-маил адреса?

За да ја промените лозинката на некоја е-маил адреса, треба да се логирате во вашиот cPanel:...

Како да ја префрлам мојата веб страница во МКхост?

За една веб страница соодветно да функционира и да биде пристуна на Интернет потребно е да има...

Како да ја променам лозинката на системот за клиенти?

За да ја промените лозинката на системот за клиенти, кликнете на овој линк. Потоа...

Кои се начините на плаќање?

Како може да платам за услугите на МКхост?МКхост сега за сега нуди два начини на уплата и тоа: -...