Како да креирам е-маил адреса?

Во денешново „Интернет време“, кога се се базира и врти околу Интернет,  освен што е важно да имате свој регистриран домен за вашата компанија, многу е битно да имате и своја професионална e-mail адреса (пример: username@ime-na-vasiot-domen.com.mk) 
За да креирате ваша професионална e-mail адреса најпрво ќе треба да закупите даден хостинг пакет, односно место каде што ќе може да ја поставите вашата веб страница и да ги креирате и чувате вашите e-mail адреси. 
Со закуп на хостинг пакет кај нас, добивате податоци за најава на вашиот контролен панел (cpanel). Cpanel претставува контролен панел, на кој може да се логирате и преку кој може да управувате со вашиот хостинг простор (односно да поставувате содржини за вашата веб страница, да креирате бази на податоци или пак да креирате ваши e-mail адреси). За креирање на ваши e-mail адреси (пример: username@ime-na-vasiot-domen) следете ги следниве чекори: (Доколку наидете на било каков проблем, слободно контактирајте лице од МКхост за помош): 
Чекор 1: Најавете се на вашиот cPanel акаунт. За најава во вашиот контролен панел користете го следниов линк: http://imenadomenot.com.mk/cpanel (каде imenadomenot треба да го замените со името на носечкиот домен од хостингот) со соодветно корисничко име и лозинка (Доколку не ги знаете податоците за најава, слободно контактирајте лице од Мкхост за да ви помогне). 
Чекор 2: Откако ќе пристапите до контролниот панел од листата насловена Mail изберете Email Accounts.
  • 1

Чекор 3: Во новоотворениот прозорец во соодветните полиња внесете ги е-маил адресата, лозинката и  посакуваната квота, по што треба да изберете Create Account.

2
Со оваа постапка имате успешно креирана е-маил адреса.
Како администратор кој ја креирал адресата со лозинка истата jaпроследувате до корисникот, кој првенствено заради сопствена заштита од негов интерес е што поскоро да ја промени лозинката.


Креирање на е-маил адреса од addon или parked домен

Постапката за креирање на е-маил адреса од addon или parked домен е иста со погоре опишаната. Единствено, потребно е конкретните домени да бидат поставени како addon или parked соодветно, и во паѓачкото мени од делот Domain во формата за креирање на е-маил адреса да се избере посакуваниот домен.

email addon

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да променам лозинка на одредена e-mail адреса?

Процедура за промена на лозинка на дадена e-mail адреса.    Чекор 1: Логирајте се на вашиот...

Поставување на OoO (Out of Office) порака

Како да поставам ОоО (Out of Office) порака? Понекогаш при работењето доаѓате во ситуации кога...

Најчести проблеми и решенија поврзани со Вашите мејл адреси

  Во овој туторијал детално ќе ги објасниме проблемите кои може да се појават со Вашите мејл...

Подесувања на е-маил на одреден емаил клиент (Outlook / Thunderbird / паметни телефони)

Outlook – POP3 протокол Откако сте отвориле Outlook од менито Tools изберете ја опцијата...

Детални инструкции за Professional Spam Experts

Со цел зголемување на безбедноста и веродостојноста на емаил сервисот, МКхост целосно го...