Како да креирам е-маил адреса?

Во денешново „Интернет време“, кога се се базира и врти околу Интернет,  освен што е важно да имате свој регистриран домен за вашата компанија, многу е битно да имате и своја професионална e-mail адреса (пример: username@ime-na-vasiot-domen.com.mk) 
За да креирате ваша професионална e-mail адреса најпрво ќе треба да закупите даден хостинг пакет, односно место каде што ќе може да ја поставите вашата веб страница и да ги креирате и чувате вашите e-mail адреси. 
Со закуп на хостинг пакет кај нас, добивате податоци за најава на вашиот контролен панел (cpanel). Cpanel претставува контролен панел, на кој може да се логирате и преку кој може да управувате со вашиот хостинг простор (односно да поставувате содржини за вашата веб страница, да креирате бази на податоци или пак да креирате ваши e-mail адреси). За креирање на ваши e-mail адреси (пример: username@ime-na-vasiot-domen) следете ги следниве чекори (Доколку наидете на било каков проблем, слободно контактирајте лице од МКхост за помош): 

Чекор 1:
Најавете се на вашиот cPanel акаунт. За најава во вашиот контролен панел користете го следниов линк: http://imenadomenot.com.mk/cpanel (каде imenadomenot треба да го замените со името на носечкиот домен од хостингот) со соодветно корисничко име и лозинка (Доколку не ги знаете податоците за најава, слободно контактирајте лице од Мкхост за да ви помогне). 

Чекор 2:
 Откако ќе пристапите до контролниот панел од листата насловена EMail изберете Email Accounts.


email11


Чекор 3: Во новоотворениот прозорец во соодветните полиња внесете ги е-маил адресата, лозинката и  посакуваната квота, по што треба да изберете Create Account.


email22

Со оваа постапка имате успешно креирана е-маил адреса.

Доколку сакате да ги видите мејл адресите кои ги имате креирано одете во делот Email Accounts и таму ги имате сите мејлови кои ги имате успешно креирано.


Како администратор кој ја креирал адресата со лозинка истата ja проследувате до корисникот, кој првенствено заради сопствена заштита од негов интерес е што поскоро да ја промени лозинката.


Креирање на е-маил адреса од addon или parked домен

Постапката за креирање на е-маил адреса од addon или parked домен е иста со погоре опишаната. Единствено, потребно е конкретните домени да бидат поставени како addon или parked соодветно, и во паѓачкото мени од делот Domain во формата за креирање на е-маил адреса да се избере посакуваниот домен.

email addon

Je li Vam ovaj odgovor pomogao?

 Ispiši članak

Također pročitajte

Kреирање на филтри преку Global Email Filters и Apache SpamAssassin

 Дали добивате многу спам пораки? Или само сакате да филтрирате некои пораки?cPanel ви ја нуди...

Детални инструкции за Professional Spam Experts

Со цел зголемување на безбедноста и веродостојноста на емаил сервисот, МКхост целосно го...

Подесувања на е-маил на одреден емаил клиент (Outlook / Thunderbird / паметни телефони)

Outlook – POP3 протокол Откако сте отвориле Outlook од менито Tools изберете ја опцијата...

Најчести проблеми и решенија поврзани со Вашите мејл адреси

  Во овој туторијал детално ќе ги објасниме проблемите кои може да се појават со Вашите мејл...

Поставување на OoO (Out of Office) порака

Како да поставам ОоО (Out of Office) порака? Понекогаш при работењето доаѓате во ситуации кога...