Подесувања на е-маил на одреден емаил клиент (Outlook / Thunderbird / паметни телефони)

Outlook – POP3 протокол

  • Откако сте отвориле Outlook од менито Tools изберете ја опцијата Account Settings.

    1

  • Во прозорецот кој се отвори изберете го табот E-mail и од него опцијата New

    2

  • Во следниот прозорец штиклирајте ја опцијата Manually configure server settings or additional server types, па изберете Next.

    3

  • Во новоотворениот прозорец потребно е да ја изберете опцијата Internet E-mail, а потоа повторно Next.

    4

  • Сега бидете сигурни дека празните полиња ги пополнувате соодветно водејќи се според сликата, со тоа што единствено на местото Име на корисник ќе го впишете Вашето име, а подолу соодветно и Вашата е-маил адреса.
      • Сетинзите за Incoming\Outgoing mail server од долу наведената слика се илустративни. Ве замолуваме внесете ги точните сетинзи за маил серверот од Вашиот хостинг акаунт, или контактирајте со техничко лице од МКHost, кое ќе ги проследи до Вас.

        5

  • Наместо веднаш да одите на Next,изберете ја опцијата Advanced Settings. Во новоотворениот прозорец изберете го табот Outgoing Server, а од него штиклирајте ја опцијата My outgoing server (SMTP) requires authentication, па следно изберете Use same settings as my incoming mail server.

    6


  • Штом ќе се отвори новиот прозорец, изберете ги соодветните опции кои се прикажани на сликата.

    7

    За крај само потврдете ги поставките со кликање на OK.


 

Outlook – IMAP протокол

  • Откако сте отвориле Outlook од менито Tools изберете ја опцијата Account Settings.

    8

  • Во прозорецот кој се отвори изберете го табот E-mail и од него опцијата New…

    2

  • Во следниот прозорец штиклирајте ја опцијата Manually configure server settings or additional server types, па изберете Next.

    3

  • Во новоотворениот прозорец потребно е да ја изберете опцијата Internet E-mail, а потоа повторно Next.

    4

  • Сега бидете сигурни дека празните полиња ги пополнувате соодветно водејќи се според сликата, со тоа што единствено на местото Име на корисник ќе го впишете Вашето име, а подолу соодветно и Вашата е-маил адреса.
      • Сетинзите за Incoming\Outgoing mail server од долу наведената слика се илустративни. Ве замолуваме внесете ги точните сетинзи за маил серверот од Вашиот хостинг акаунт, или контактирајте со техничко лице од МКHost, кое ќе ги проследи до Вас.

        5

  • Наместо веднаш да одите на Next,изберете ја опцијата Advanced Settings. Во новоотворениот прозорец изберете го табот Outgoing Server, а од него штиклирајте ја опцијата My outgoing server (SMTP) requires authentication, па следно изберете Use same settings as my incoming mail server.

    6

  • Штом ќе се отвори новиот прозорец, изберете ги соодветните опции кои се прикажани на сликата.

    7

  • За крај само потврдете ги поставките со кликање на OK.




 

Thunderbird – POP3/IMAP протокол

  • Откако сте отвориле Thunderbird во првично отворениот прозорец штиклирајте ја опцијата E-Mailи продолжете со Set as Default.




    1


  • Како нареден чекор изберете ја опцијата Email.

    2

  • Следниот понуден чекор треба да го прескокнете избирајќи Skip this and use my existing email.


    3

  • Сега пред Вас е отворен прозорецот каде што треба да ги внесете Вашето име, е-маил адреса и лозинка во соодветните полиња, како и да ја штиклирате опцијата со која се запомнува Вашата лозинка. Продолжете со Continue.


    4

  • Причекајте додека не се појават опциите за избор како на сликата. Па одете на копчето Manual config.


    5

  • Сега од голема важност е сите поставки да бидат идентични како на сликата. Откако ќе го сторите тоа одете на копчето Re-test.
      • Сетинзите за Incoming\Outgoing  server од долу наведената слика се илустративни. Ве замолуваме внесете ги точните сетинзи за маил серверот од Вашиот хостинг акаунт, или контактирајте со техничко лице од МКHost, кое ќе ги проследи до Вас.


        6

  • Веднаш по тоа продолжете со копчето Done.
    Со десен клик на местото каде што ја пишува Вашата е-маил адреса (во левиот дел од прозорецот) од менито кое излегува изберете Settings.


    8

  • Од менијата прикажани во левиот дел од прозорецот изберете Server Settings. Со ова во десниот дел ќе се отвори делот за поставки, каде што треба да наместите на колку време да се проверува за новодобиени е-маил пораки. Нека биде тоа на 1 минута (како и на сликата). На крај завршете со притискање на копчето OK.


    9



Android

  • Поставувањето оди на следниот начин. Најпрво од главното мени изберете Email.

    1

  • Внесете ги вашата е-маил адреса и лозинка и изберете Next.


    2

  • Потоа изберете IMAP.

    3

  • Во следниот прозорец поставете ги следните параметри (во полето IMAP сервер внесете го името на серверот кој ќе биде проследен во инфо порака од хостинг-от \ претставник од техничка поддршка).

    4

     

  • Слично како претходниот прозорец и тука водете се според параметрите на сликата (Во полето SMTP сервер внесете го името на серверот кој ќе биде проследен во инфо порака од хостинг-от \ претставник од техничка поддршка).

    5

  • Следно е да ја одберете фреквенцијата за проверка на нови е-маил пораки.

    6

  • Именувајте си го акаунтот (со име по избор) и запишете го Вашето име, кое ќе биде прикажано во пораките кои ќе ги праќате, па одберете Done за да завршите со оваа постапка.

    7




iOS

  • Од менито изберете Settings, потоа одете во Mail, Contacts, Calendars и изберете Add Account.

    1

  • Па од листата која се отвори изберете Other.
    И во наредниот прозорец пополнете ги полињата со Вашето име, е-маил адреса, лозинка.


    2

  • На екранот New Account изберете IMAP и пополнете ги полињата соодветно.

     За Incoming Mail Server:
    Како Host Name во делот на Incoming IMAP сервер внесете го името на серверот (кој ќе биде проследен во инфо порака од хостинг-от \ претставник од техничка поддршка)

    Kaко User Name запишете ја Вашата е-маил адреса.

    3

  • Слично поставете ги и параметрите за Outgoing Mail Server. Потоа само изберете Save.
    Откако ќе завршите со оваа постапкатреба да можете да пристапите до следниот екран.

    4

  • Изберете го новиот акаунт и одете надолу па изберете го SMTP копчето, за да проверете дека е одбрана вистинската порта за користење.

    5

Изберете го копчето Primary Server за да ги видите деталите.
Во скоро сите случаи Server Port треба да има вредност 993 за Incoming односно 587 за Outgoing серверот.
Доколку се е во ред, постапката е успешно завршена.




Бришење на пораки на iPhone/iPad

Со оглед на тоа што при конфигурирање на акаунт, нема можност да се избришат маил пораките од уредите, потребно е да ја извршите постапката која е објаснета во продолжение.

  • За почеток изберете Settings.
    1
  • Одете надолу и изберете Mail, Contacts, Calendars.

    2

  • Изберете го акаунтот за кој се однесува постапката

    3

  • Одете надолу до опцијата Advanced и изберете ја.
  • (Во полето SMTP внесете го името на серверот каде е поставен вашиот хостинг акаунт. Доколку ви е потребна помош, контактирајте со претставник од техничка поддршка, кој ќе го проследи до Вас)

    4

  • Одете до опцијата Deleted Mailbox и штиклирајте го полето до неа.

    5

  • Останува уште да го изберете временскиот интервал во кој ќе се отстрануваат пораките. Тоа ќе го направите одејќи подолу во лентата насловена Deleted Messages, со опцијата Remove изберете си го интервалот кој најмногу Ви одговара, и со тоа може да завршите со постапката.


MAC


Чекор 1.
Отворете ја Mail апликацијата

Чекор 2. Внесете ги податоците од вашиот e-mail акаунт



Prva slika za MAC upatstvo

  • Full Name: Вашето име
  • E-mail Address: Целосната ваша e-mail адреса
  • Password: Лозинката која ја користите за соодветната e-mail адреса која сте ја внеле погоре.

Кога ќе ги пополните сите податоци кликнете на Continue.

Чекор 3. Mail апликацијата ќе проба да го контактира Mail серверот. Дифолтниот search користи autodiscover@ime_na_domen.com.mk, освен доколку имате веќе креиран sub domain и инсталиран SSL сертификат.

Кликнете на Connet за да го комплетирате мануелното сетирање

Чекор 4. Во следниот прозорец внесете ги своите податоци:

Vtora slika upatstvo za MAC

  • Acoount Type: Од менито може да изберете различни типови на акаунт (IMAP/POP3...)
  • Incoming Mail Server: Тука се внесува точниот Incoming mail сервер кој го имате добиено од Вашиот хосинг акаунт, доколку не го знаете, контактирајте со техничко лице од МКхост кој овие информации ќе ги проследи до вас. Друг начин да ги видите Incoming и Outgoing серверите е да се логирате во вашиот cPanel акаунт со ваше корисничко име и лозинка. Одете во Mail делот, потоа во Mail Acount --> More и во делот Manual Settings можете да ги прочитата записите за Incoming Server и Outgoing сервер. 
  • User Name: Вашата e-mail адреса внесете ја целосно, како на погоре прикажаниот пример.
  • Password: Лозинката која ја користите за соодветната погоре внесена ваша e-mail адреса

Откако ќе ги внесете сите информации кликнете на Continue.

Чекор 5. Конфигурација на Outgoing Mail Server

Treta slika upatstvo za MAC

  • Outgoing Mail server: Точниот Outgoing mail сервер кој го имате добиено од Вашиот хосинг акаунт, доколку не го знаете, контактирајте со техничко лице од МКхост кој овие информации ќе ги проследи до вас. Или пак истите можете да ги видите доколку се логирате во вашиот cPanel акаунт со ваше корисничко име и лозинка. Одете во Mail делот, потоа во Mail Acount --> More и во делот Manual Settings можете да ги прочитате записите за Incoming Server и Outgoing сервер. 
  • User Name: Вашата целосна e-mail адреса
  • Password: Лозинката која ја користите за соодветната e-mail адреса

Откако ќе ги пополните сите полиња, кликнете на Continue.

Чекор 6. Откако сето ова ќе го направите ќе се појави прозорец со Account Summary. Проверете ги сите податоци кои беа претходно внесени, доколку забележите некој податок кој е погрешно внесен, вратете се назад, во спротивно кликнете на Create.

Со ова конфигурацијата на mail на MAC клиент е завршен. 

Напомена: Сетинзите за Incoming\Outgoing mail server од погоре наведенате слики се илустративни. Ве замолуваме внесете ги точните сетинзи за маил серверот од Вашиот хостинг акаунт, или контактирајте со техничко лице од МКHost, кое ќе ги проследи до Вас. Друг начин на кој ќе можете да ги видите Incoming и Outgoing серверите е да се логирате во вашиот cPanel акаунт со ваше корисничко име и лозинка. Одете во Mail делот, потоа во Mail Acount --> More и во делот Manual Settings можете да ги прочитата записите за Incoming Server и Outgoing сервер. 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да променам лозинка на одредена e-mail адреса?

Процедура за промена на лозинка на дадена e-mail адреса.    Чекор 1: Логирајте се на вашиот...

Поставување на OoO (Out of Office) порака

Како да поставам ОоО (Out of Office) порака? Понекогаш при работењето доаѓате во ситуации кога...

Како да креирам е-маил адреса?

Во денешново „Интернет време“, кога се се базира и врти околу Интернет,  освен што е важно да...

Поставување на Mail Forwarders

Поставување на Мail Forwarders Кога еден акаунт има потреба да ги fw пораките од неговиот кон...

Најчести проблеми и решенија поврзани со Вашите мејл адреси

  Во овој туторијал детално ќе ги објасниме проблемите кои може да се појават со Вашите мејл...