Промена на DNS сервери (именски опслужувачи) на вашиот домен

Mанипулирањето со именските опслужувачи подразбира промена на авторитетните DNS сервери за саканиот домен.  Именските опслужувачи овозможуваат поврзување на хостинг со доменот и прават една единствена целина. Токму затоа потребно е често ажурирање на именските опслужувачи на доменот доколку вршите честа промена на вашиот хостинг. Постапката за промена на именските опслужувачи е следна: 

Чекор 1: Најавете се на вашиот кориснички профил http://mkhost.com.mk/clients/ --> Безбедна најава со вашата соодветна e-mail адреса и соодветна лозинка. 


login


Чекор 2: Во новоотворениот прозорец кликнете на Активни Домени


login

Чекор 3: Пред Вас се отвара простор каде ќе ги видите сите регистрирани домени за Вашата корисничка сметка. За доменот кој сакате да ги промените именските опслужувачи изберете ја опцијата која се наоѓа најдесно – Управувај со доменот. Од drop down менито изберете Управување со именските опслужувачи.


changedns




Во новоотворениот прозорец само поставете ги новите записи на именските опслужувачи и кликнете на Промени именски опслужувачи. 



changedns



Со тоа промената на именските опслужувачи е направена. 

這篇文章有幫助嗎?

 列印本文

Also Read

Промена на информации за административен и технички контакт

При регистрација на домен потребно е да поставите податоци за административен и технички контакт....

Најчесто поставувани прашања за кириличните .мкд домени

Прашање 1: Како да ја преведам мојата кирилична (уникод) адреса во ASCII за да може истата да се...

Постапка за бришење на домен

Доколку имате активен домен во МКхост, но истиот веќе не Ви е потребен и не сакате да го...

Редирекција на .mk домени

МКхост за своите клиенти овозможи нова функционалност - редирекција на домен кон веќе постоечка...

Како до *.mk домен?

Регистрација на mk , com.mk , net.mk , org.mk , edu.mk и inf.mk домени МКхост нуди...