Креирање на бази, додавање корисници во базата и доделување пермисии за секој корисник соодветно



Секој корисник може самостојно да креира бази на податоци преку неговиот cPanel акаунт. 
 
За успешно креирање на база на податоци преку cPanel акаунтот на корисникот, би требало да се следат следниве чекори: 
 
Чекор 1. Логирајте се на вашиот cPanel акаунт на следниов линк: www.ime_na_domen/cpanel 
 
Внесете го вашето корисничко име и вашата лозинка
 
Чекор 2. Одете во делот Databases, а потоа во MySQL Databases 


1















Чекор 3
. Во новоотворениот прозорец имате можност за креирање на бази и преглед на веќе постоечките бази.  За креирање на нова база, во делот Create a New Database, запишете го само името на базата (во нашиот случај името на базата е baza). Како што може да забележите пред името на базата, кое вие самите го одбирате, стои име на доменот (во нашиот случај тоа е proba, за вас пред името на базата ќе стои името на вашиот домен). Потоа се клика на Create Database



kreiranje baza


На крај ќе се појави следното известување дека базата е успешно креирана.


baza2
Доколку кликнеме на GoBack, во делот Current Databases можеме да ја видиме базата која веќе ја креиравме. Во делот Action можеме да ја преименуваме или избришеме базата, а во делот Modify Databases може да ја провериме исправноста на базата, или пак доколку има некој проблем да направиме Repair. 


baza slika 3


Чекор 4. Откако базата е веќе креирана, нареден чекор што можеби сакате да гo направите е да додадете корисници во базата. За додавање корисници во делот Databases --> MySQL Databases во делот MySQL users --> Add a New User , каде што се пишува името на корисникот, се генерира лозинка, која за да ги задоволи безбедносните мерки ќе мора да содржи букви, бројки и специјален карактер, на крај се клика на Create a User



baza slika 4



После креирањето на корисникот ќе се појави нов прозорец во кој ќе има известување за успешно креирање на нов корисник 



baza slika 5



Откако корисникот ќе биде креиран, ќе треба да се додаде во соодветната датабаза. Тоа се прави во делот Add a User to Database, каде во делот user го избираме корисникот кој сакаме да го додадеме, а во делот Database ја избираме базата каде што сакаме да го поставиме корисникот. На крај кликаме на Add



baza slika 6



Во новоотворениот прозорец MySQL Account Manintenance, Mаnage User Privileges се одбираат привелегиите кои треба да се доделат на новододадениот корисник во датабазата. Во нашиот пример одбран е делот All privileges и на крај се клика на Make changes


baza slika 7


Откако промените ќе се зачуваат, доколку се вратиме назад во делот Current Databases може да се видат сите датабази кои досега се креирани како и корисниците кои се додадени во таа база. 


baza slika 8


Со ова креирањето бази и додавањето корисници и превилегии е завршено. 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Редирекција на даден домен преку cpanel

Постапката за редиректирање на даден домен кон друг преку cpanel е следна:    Чекор 1: Логирјте...

Како можам да ги менувам PHP settings?

Во голем дел од случаевите при работа (изработка) на веб сајт потребно е да смените одредени...

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?

Нашите сервери ја нудат опцијата за користење на различни верзии на PHP (5.2 , 5.3 , 5.4, 5.5 )....

Како да инсталирам Joomla користејќи го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги...

SSH пристап, клучеви и конектирање

Што е SSH?   Secure SHell (SSH) претставува UNIX-базиран интерфејс и протокол за безбеден...