Како да направам Backup и Restore на бази преку php MyAdmin и cPanel

cPanel претствува контролниот панел на секој корисник, во кој што секој корисник може да управува со својот хостинг простор, меѓу што е и креирањето на бази, правење backup на истите, а потоа правење и на restore.

phpMyAdmin служи за администрација односно едитирање на бази. 
 

Backup на база преку phpMyAdmin
 
Најпрво се пристапува преку cpanel акаунтот на корисникот, во делот Databases --> phpMyAdmin

Во новоотворениот прозорец од лева страна има листа на сите бази кои ги има во дадениот кориснички акаунт, а од десна страна е овозможено едитирање на самата база, додавање табели, правење backup, ресторирање на backup и други сетинзи кои може да се од корист на корисникот.

Се избира базата на која сакаме да направиме Backup(од левата страна на прозорецот) кликаме на Export и се избира форматот во кој сакаме да направиме backup. (Ако е помала базата тогаш најчесто се избира во .sql формат, во спортивно може да се избере од лизгачкото мени и да се одбере zipped backup (оваа опција се избира за секоја поголема база на податоци), на крај се клика на Go.


Ресторирање на фајл во база

Од десниот дел на прозорецот се избира база (фолдер) во кој што сакаме да се импортира односно ресторира одредена база. Доколку сакаме ресторираната база да биде во една сосема нова база, најпрво треба истата да ја креираме (креирање на празна база)  
Тоа се прави преку cPanel акаунтот на корисникот во делот Database --> MySQL, соодветно се поставува име на базата и се креира базата. Потоа се креира нов корисник со соодветно корисничко име и се генерира лозинка за него, и истиот тој корисник се додава во соодветната база претходно креирана. Сите овие податоци е многу битно да се забележат и сочуваат на страна бидејќи ќе бидат потребни во делот на поврзување на базата. 
 
Откако ова ќе се направи, преку phpMyAdmin од десно се избира новокреираната база во која ќе се направи restore на базата која сакаме да ја поставиме. Потоа се клика на Import се избира базата што сакаме да ја ресторираме и се клика на Go. Откако ова ќе заврши и целокупната содржина ќе се ресторира, треба да се пронајде конфигурацискиот фајл и преку кој се овозможува поврзување на базата. За да се изврши поврзување на базата треба да се сменат DB_NAME, USER_NAME и PASSWORD на овие места низ конфигурацискиот фајл и треба да се постават претходните податоци кои ги зачувавме. Притоа при поставување се поставува целото име на базата и корисникот (заедно со името на доменот пред тоа односно во следниов формат username_imenadatabaza)

Backup на база преку cPanel 
 
Чекор 1: Логирај се на твојот cPanel акаунт
 
Чекор 2: Во Files секцијата кликни на Backups.




Чекор 3: Сега во делот Download a MySQL Database Backup  секцијата најпрво кликни на името на базата на која сакаш да направиш backup.




Backup


Чекор 4: Оди во фолдерот каде што твојот web-browser го симнал bacup-от и таму ќе треба да забележиш .sql.gz фајл. 



Ресторирање на база преку cPanel
 
Чекор 1: Логирај се на твојот cPanel акаунт 
 
Чекор 2: Во секцијата files избери backups. 






Чекор 3: Под секцијата Restore a MySQL Database кликни најпрво на Choose File. Пронајди го фајлот кој сакаш да го ресторираш и потоа кликни на Open. 






Чекор 4: Откако ќе го направиш тоа треба да го има името на датабазата која сакаш да ја ресторираш, а потоа се клика на Upload. 





Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?

Нашите сервери ја нудат опцијата за користење на различни верзии на PHP (5.2 , 5.3 , 5.4, 5.5 )....

Како да додадам нов поддомен (Subdomain) и да сменам одредени подесувања за него

Поддомен   Поддоменот (Subdomain) претставува проширување на примарниот домен кој корисникот...

Како да инсталирам Wordpress и соодветна тема користејќе го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги...

Креирање на бази, додавање корисници во базата и доделување пермисии за секој корисник соодветно

Секој корисник може самостојно да креира бази на податоци преку неговиот cPanel акаунт.    За...

Како да додадам нов Addon и нов Parked домен и што ако истиот е кириличен .мкд домен?

Addon домен    Addon домен е целосно функционален домен кој корисникот може самостојно да го...