Како да ја префрлам мојата веб страница во МКхост?

За една веб страница соодветно да функционира и да биде пристуна на Интернет потребно е да има регистриран домен и соодветен закупен хостинг простор каде што ќе ги поставува фајловите/базите / емаил адресите и целокупната содржина на веб страницата. 
 
За префрлање на вашата веб страница во МКхост, потребно е да закупите еден од нашите хостинг пакети (погледнете на: http://www.mkhost.com.mk/hosting за избор на пакет). 
 
По активацијата на пакетот, треба да се мигрира целокупната содржина на вашата веб страна од стариот сервер на новиот сервер односно на вашиот нов хостинг прсотор закупен во МКхост.
Оваа миграција може да ја направите сами, така што при активацијата ќе добиете информации за логирање на вашиот Cpanel акаунт преку кој ќе може да ги поставите вашите фајлови, или пак доколку сакате ние може да ја нарпавиме миграцијата за вас. 
 
Доколку вашиот моментален хостинг панел е cPanel, миграцијата е автоматска и сите подесувања и податоци ќе се мигрираат без никаков проблем или прекин/губење на податоци. (Ни ги испраќате само информациите за најава на cPanel).
Доколку моменталниот хостинг нема поддршка за cPanel, миграцијата треба да се направи рачно и притоа треба да ни овозможите пристап (или да ни испратите backup), за следните групи на податоци:
      -  Фајловите од самата веб страна
      -  База на податоци (доколку постои)
      -  Емаил адреси (доколку имате активирано)
 
Доколку при миграција на веб страницата на наш сервер, сакате и доменот на истата веб страница да биде кај нас (трансфер на домен), тогаш можни се следните две сценарија:

         1.  
Доколку се работи за .mk домен, се што треба да направите е да го побарате EPP кодот за трансфер од вашиот регистрар и да ни го доставите. Овој процес на трансфер на доменот е бесплатен и истиот не се наплаќа. Датата на истек на доменот останува иста. Обнова на доменот ја правите пред истек на истиот по ваша желба.
 
        2.  Доколку се работи за .com домен, односно интернационален домен, тогаш потребно е:
             - доменот да добие статус: unlocked (да биде отклучен - за да може да се направи трансферот)
             - потоа да ни биде доставен EPP кодот за транфер и на крај
             - да имате пристап до mail-от кој е оставен како административен контакт, за да можете да го потврдите трансферот (се праќа емаил порака од МКХОСТ-РЕГ која треба да биде потврдена за да трансферот успешно се изврши)
 
Трансфер на интернационален домен се плаќа по цена за обнова на доменот, со што добивате и една година обнова, така што доколку регистрацијата на доменот ви истекува во март 2015 година, со трансферот на доменот добивате автоматска обнова и доменот ќе ви биде валиден до март 2016та година.
 
Доколку сакате, доменот може да остане активен и кај моменталниот регистрар - каде што ви бил закупен и каде си го обновувате истиот до сега. Откако вашиот хостинг простот ќе бдие активен и откако ќе ја префрлиме вашата веб страница на наш сервер, ќе треба да го известите вашиот регистрар или вие да ги промените записите за имеснките опслужувачи (ДНС сервери) во оние кои ние ќе ви ги испратиме.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да ја променам лозинката на некоја е-маил адреса?

За да ја промените лозинката на некоја е-маил адреса, треба да се логирате во вашиот cPanel:...

Како да си нарачам хостинг пакет/домен?

 Нарачка може да направите директно преку сајтот на МКхост, или едноставно да ни се јавите или...

Како да ја променам лозинката на системот за клиенти?

За да ја промените лозинката на системот за клиенти, кликнете на овој линк. Потоа...

Плаќање со кредитна картичка

Имате неплатена профактура, а истата сакате да ја платите со кредитна картичка? Тогаш процедурата...

Разлики помеѓу Linux и Windows хостинг платформи. На која платоформа да го хостирате вашиот веб сајт?

Доколку планирате да стартувате сопствен веб сајт едно од почесто поставуваните прашања е на...