Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?
Нашите сервери ја нудат опцијата за користење на различни верзии на PHP (5.2 , 5.3 , 5.4, 5.5 ). Вие како корисници ја имате можноста сами да изберете која PHP верзија сакате да ја користите. Изборот на PHP верзија може да е многу битен , при користење на third party апликации кои побаруваат последна стабилна верзија на PHP. Изборот на PHP секој корисник може да го направи преку неговиот cPanel акаунт и тоа на следниов начин:Чекор 1: Логирајте се на вашиот cPanel акаунт: ( www.ime_na_vas_domen/cpanel со соодветно корисничко име и лозинка).Чекор 2: Во делот Software and Services кликнете на Select PHP Version.Чекор 3: Во новоотворениот прозорец во делот PHP Version од drop down менито можете да одберете од различните верзии, одберете ја верзијата која ја сакате и потоа кликнете на SAVE.Со ова изборот на PHP верзијата е завршен.