Најчесто поставувани прашања за кириличните .мкд домени

Прашање 1: Како да ја преведам мојата кирилична (уникод) адреса во ASCII за да може истата да се користи за сите платформи? 

За да може доменот да се користи низ интернет мрежата, потребно е истиот да се конвертира во т.н. punycode. Punycode овозможува кодирање на името на вашиот кириличен домен во ASCII форма која содржи само знаци од англиската абецеда, броеви од 0-9 и тире (-).  За преведување на името на доменот од Уникод во ASCII се користитат голем број на Online конвертори / апликации. Овој начин на кодирање на националните имиња на домените е неопходно за истите да се употребуваат и подесат низ ДНС системите. Линк за online punycode конвертер: http://www.punycoder.com/
На овој линк од левата страна го пишувате кириличното име на доменот, кликате на Convert to Punycode и за кратко време Punycode името ќе го имате на десната половина од прозорецот. 
На пример, доменот "мкхост.мкд" кодиран со Punycode e: xn--j1adhmfp.xn--d1alf, каде  xn-- е префикс кој означува Punycode, а d1alf всушност е кириличната наставка "мкд".

Прашање 2: Како да додадам кириличен домен како parked/addon домен на мојот хостинг?

Постапката за додавање на Parked/Addon Domain е иста како и кај латиничните домени, само што при внесување на името на доменот се внесува неговата Punycode варијанта. Тоа значи дека најпрво името на кириличниот домен се конвертира со Punycode, а потоа добиениот запис се внесува како Parked/Addon домен. 
(Инструкции: Логирајте се на вашиот cPanel акаунт --> Domains --> Parked Domain / Addon Domain --> Во делот Add a New Domain се внесува името на кириличниот домен но ковертирано во Punycode

Прашање 3: Дали е потребно да пишувам www пред името на кириличниот домен при пребарување? 

Нема да се случи грешка дури и да пишете www пред името на кириличниот домен. Технички гледано, воопшто не е потребно да се пишува www во рамките на адресата на веб страницата. Дури и без www пред адресата, доменот ќе биде пронајден.

Прашање 4: Зошто ни е потребен уште еден Интернет домен и дали сум обврзан истиот да го користам?

Како еден од главните причини зошто би користеле кириличен домен е штитење и промоција на националното писмо. Повеќе земји во светот веќе имаат свои IDN национални домени.
Никој нема обврска да користи кириличен домен, тоа е слобода и избор на самиот корисник.

Прашање 5: Зошто кога во прелистувачот ќе ја напишам кириличната адреса, таа веднаш се конвертира во некои чудни знаци? 

IDN домените (во кои спаѓа и .мкд доменот) се уште се во фаза на тестирање на светско ниво, така да некои прелистувачи треба дополнително да се подесат. Еден од нив е и Google Chrome, каде што треба да се додаде јазик на следниов начин. Во делот Customize and control Google Chrome (копче кое се наоѓа во горниот десен агол веднаш под X копчето каде што се затвора прелистувачот), кликнете на Settings --> Show Advance settings... --> Language and input settings --> Add --> Избере Macedonian --> Done.

Прашање 6: Дали може да креирам латинична емаил адреса (корисничкото име да е на латиница) со кирилична наставка на доменот (пример: username@име-на-домен.мкд)?

Да, може слободно да креирате вакви mail адреси. Постапката за креирање на mail адреси со .мкд кириличен домен е иста како и за креирање на основите mail адреси како кај латиничен домен.
За да креирате mail адреси со кириличен домен најпрво ќе треба истиот тој домен да биде регистиран и да биде хостиран како главен домен/поддомен/parked домен или addon  домен на даден хостинг простор. Притоа истиот тој кириличен домен ќе треба да е поставен како parked/addon/subdomen на начин опишан погоре во делот „Прашање 2. Како да додадем кириличен домен како parked/addon домен“.

(Инструкции: Логирајте се на вашиот cPanel акаунт --> Mail --> Email Accounts --> Во делот Email напишете го корисничкото име на латиница и генерирајте лозинка на крај кликнете на generate Account).

Прашање 7: Дали може да креирам кирилична mail адреса со кирилична наставка на доменот (пример: корисничко-име@име-на-домен.мкд)?
Ова се уште не е можно. Корисничкото име пред @име-на-домен.мкд мора да е на латиница.

Прашање 8: Дали веб страниците со .мкд домен може да прикажуваат содржина на латиница или на други јазици? 
 
Доменот и содржината на веб страницата не се зависни од името на доменот. Исто како што и до сега страниците со .mk домен имаат содржини на различни писма/јазици, истото се однесува и за кириличните домени. Она што сега е дополнителна можност е, веб страницата на .mk доменот да ја отвора веб страницата на латиница, а кириличниот (.мкд) домен да ја покажува содржината на истата таа страница само на кирилица, доколку тоа е желба на самиот корисник.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да го трансферирам мојот домен во МКхост?

Доменот од било кој регистрар може да го трансферирате во МКхост, без разлика дали се работи за...

Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува...

Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

Доколку имате регистрирано домен во МКхост може да го промените регистрантот (сопственикот) на...

Промена на информации за административен и технички контакт

При регистрација на домен потребно е да поставите податоци за административен и технички контакт....

Промена на DNS сервери (именски опслужувачи) на вашиот домен

Mанипулирањето со именските опслужувачи подразбира промена на авторитетните DNS сервери за...