Како да додадам нов Addon и нов Parked домен и што ако истиот е кириличен .мкд домен?

Addon домен 
 
Addon домен е целосно функционален домен кој корисникот може самостојно да го креира преку неговиот контролен панел (cPanel). Addon доменот всушност функционира како посебен независен домен од примарниот домен, и не дава никакви референци кон примарниот домен. Addon домен се користи доколку сакате на истиот хостинг да поставите различена веб страница од онаа примарната веб страница за која е и наменет хостингот. Притоа новододадената веб страница треба да се постави во истоимениот директориум или во директориумот што сте го поставиле при додавање на addon доменот.
 
Додавање на Addon домен инструкции

За процедурата на додавање на Addon доменот да биде валидна, најпрво потребно е доменот да биде поврзан со хостингот. За тоа е потребно да ги смените именските опслужувачи (nameservers) на доменот на оние на серверот и истите доколку не ги знаете Ви ги даваме ние. Доколку доменот е регистриран во мкхост, именските опслужувачи можете да ги променете со најава на корисничката сметка на мкхост (mkhost.com.mk), а можеме да ги променеме и ние, доколку ни пишете од официјалната мејл адреса оставена за контакт. Доколку доменот е регистриран на друго место, потребно е да се обратите кај Вашиот регистрант.
 
Чекор 1: Логирајте се на вашиот cPanel акаунт (ime_na_vasiot_domen/cpanel) со соодветно корисничко име и лозинка
 
Чекор 2: Во делот Domains кликнете на Addon Domain 

slika za addon domen


Чекор 3: Во новоотворениот прозорец во делот New Domain Name внесете го името на доменот кој сакате да го додадете. Потоа директно кликнете на Password, генерирајте било каква лозинка, истата понатаму нема да ви бдие потребна. На крај кликнете на Add Domain


addon2


Со тоа целата постапка за генирање на Addon домен е завршена.

Новододадениот Addon домен може да отвора посебна и засебна веб страница или пак да прави редирект кон друга. Доколку сакате да направите редирект кон друга страница, тоа може да го направите на следниов начин: Addon Domains --> Modify Addon Domain--> Actions --> Manage Redirection  

addon3



Во новоотворениот прозорец напишете кон кој домен сакате да редиректира новиот домен и кликете на Save


addon4




Parked домен
 
Parked доменот најчесто се користи за редирекција или пак за креирање на официјални mail адреси без соодветен хостинг. Parked доменот е дополнителен домен хостиран на акаунтот на корисникот, и притоа тој ја појавува содржината на веб страницата на примарниот домен (прави редирекција), притоа за секој parked домен може да се креираат соодветни mail акаунти. 
 

Додавање на parked домен инструкции 

И за parked домен важат истите правила како и за addon доменот. Најпрво е потребно доменот да се поврзе со хоситгот со промена на именските опслужувачи (nameservers). Доколку мкхост се регистранти на доменот, истите можете ги промените со најава на корисничката сметка на мкхост (mkhost.com.mk), или да ги промениме ние доколку ни пишете од официјалниот мејл оставен за контакт. Ако доменот е регистриран на друго место, контактирајте ги Вашите регистранти.
 
Чекор 1: Логирајте се на вашиот cPanel акаунт (ime_na_vasiot_domen/cpanel) со соодветно корисничко име и лозинка 
 
Чекор 2: Во делот Domains кликнете на Parked Domain

addon5


Чекор 3: Во новоотворениот прозорец во делот Create a New Parked Domain напишете го името на parked доменот и кликнете Add Domain.

addon6


Со ова постапката за додавање на нов Parked домен е завршена. Притоа доколку се пристапи до parked доменот ќе се појави содржината на веб страницата на примарниот домен. 
 
Дополнителни инструкции за додавање на кириличен .мкд домен како parked или addon домен
 
Доколку сакате да додадете кириличен домен (.мкд) како Parked или Addon домен постапката е иста само што при додавање на името, најпрво ќе треба да го конвертирате кириличното име на доменот на следниов линк  http://www.punycoder.com/  (алатка за конвертирање на Unicode домени во ASCII) 

На локацијата на овој линк од десна страна напишете го името на кириличниот домен и кликнете на Convert to Punycode >> . Од лева страна името на кириличниот домен ќе ви се конвертира во ASCII карактери. Земето го конвертираното име и поставете го во делот каде се поставува името на доменот при додавање на parked или addon домен.

punnycode


Со ова постапката за додавање на кириличен .мкд домен како parked или addon домен е завршена.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Што е Addon domain?

"Addon" домен  е нов и уникатен вебсајт хостиран во нов фолдер на вашиот акаунт. Кога...

Како да инсталирам Joomla користејќи го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги...

Креирање на веб страна преку Site Publisher

На Вашиот кориснички панел има различни функционалности и поставки за Вашиот хостинг. Една од нив...

Како да додадам нов поддомен (Subdomain) и да сменам одредени подесувања за него

Поддомен   Поддоменот (Subdomain) претставува проширување на примарниот домен кој корисникот...

SSH пристап, клучеви и конектирање

Што е SSH?   Secure SHell (SSH) претставува UNIX-базиран интерфејс и протокол за безбеден...