Како можам да ги менувам PHP settings?
Во голем дел од случаевите при работа (изработка) на веб сајт потребно е да смените одредени подесувања на PHP кои се разликуваат од оние дифолтните. За да ги промените овие подесувања следете ги следните чекори:Чекор 1: Логирајте се на вашиот контролен панел (cpanel) ime-na-vasiot-domen/cpanel со соодветно корисничко име и лозинкаЧекор 2: Во новоотворениот прозорец во делот Software and Services кликнете на Select PHP VersionЧекор 3: Во новоотворениот прозорец може да промените верзија на PHP, но доколку сакате да промените одредени подесувања кликнете лево на Switch to PHP Settings.Во новоотворениот прозорец имате дел од параметрите кои може да ги менувате. Кликнете на секој кој сакате да го промените , внесете ја новата вредност и потоа кликнете на Save