Како да го трансферирам мојот домен во МКхост?

Доменот од било кој регистрар може да го трансферирате во МКхост, без разлика дали се работи за Македонски или пак за интернационален домен.

Процедура за трансфер на Македонски домен во МКхост (.mk  .com.mk  .edu.mk .org.mk  .net.mk .inf.mk)

За да го трансферирате вашиот Mакедонски домен од моменталниот регистрар во МКХОСТ-РЕГ ќе треба да го земете ЕПП кодот за трансфер од вашиот моментален регистрар.
Како најбрзо да го пронајдете кодот во моменталниот регистрар?
1. Да испратите емаил до моменталниот регистрар и да го побарате ЕПП кодот за трансфер (емаил-от од кој треба да биде пратен, е, емаил-от на регистрантот (сопственикот) кој што може да го проверите овде: http://whois.marnet.mk/ - со внес на името на вашиот домен)
2. Да се најавите во онлајн панелот на моменталниот регистрар (доколку имаат таков) и во опциите каде што се менаџира доменот да го побарате кодот (истиот ќе ви биде прикажан на екран или доставен по емаил).
Откако ќе го добиете кодот за трансфер, го испраќате до domains@mkhost.com.mk и доменот веднаш ќе биде транфериран во МКХОСТ-РЕГ.
Оваа процедура за трансфер на домен е бесплатна и истата не се наплаќа.
Датата на истек на доменот останува иста. Обнова на доменот ја правите пред истек на истиот по ваша желба.
Доменот може да се трансферира во било кој период (не мора да се чека истиот да истече или точно пред истекот да се прави трансферот, исто така може да се трансферира и доколку доменот е истечен - односно е во заштитен период).

Процедура за трансфер на интернационален домен во МКхост (.com .net .org  .info) 

За да го трансферирате вашиот интернационален домен во МКхост потребно е: 
  • Доменот да биде отклучен (за ова треба да го известете вашиот досегашен регистрар, или да се најавите во онлајн панелот и самите да го отклучите доменот - треба да добие status: unlocked)
  • Да го земете ЕПП кодот за трансфер и да ни го пратите на нас (доколку немате пристап до ЕПП кодот за трансфер тогаш обратете се кај вашиот регистрар, за да ви го обезбеди истиот)
  • Да го потврдите трансферот на доменот. Односно да имате пристап до mail-от кој е оставен како административен контакт, за да можете да се верифицира трансферот (се праќа емаил порака од МКХОСТ-РЕГ која треба да биде потврдена за да трансферот успешно се изврши)
  • Да се почека од 4-10 работни дена. Трансферот и превземањето не се врши веднаш, односно, тоа е процес кој трае неколку дена. 
Додека трансферот не биде завршен, доменот стои кај стариот регистрар и од таму може истиот да се менаџира (да се менуваат контакат податоци, ДНС сервери).
Потребно е трансферот да се започне минимум 10 дена пред истек на доменот. Не може да се направи трансфер на истечен домен или домен кој истекува во наредните 10 дена.
Со трансфер на интернационален домен следува и обнова на доменот. Затоа, оваа услуга се наплаќа по цена за обнова на интернационален домен.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Постапка за бришење на домен

Доколку имате активен домен во МКхост, но истиот веќе не Ви е потребен и не сакате да го...

Промена на информации за административен и технички контакт

При регистрација на домен потребно е да поставите податоци за административен и технички контакт....

Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува...

Сакам да регистрирам домен, но сакам да биде хостиран на друг провајдер.

  Да, може да регистрирате домен преку МКхост и истиот да го хостирате на друг...

Како самостојно да го земете Вашиот ЕПП код

  Доколку имате регистрирано домен во МКхост и истиот сакате да го трансферирате кај друг...