Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува комплетна контрола на вашата ДНС зона. Односно, преку веб интерфејс на корисничкиот профил на МКхост ќе може да управувате со сите записи за вашата ДНС зона, како А, АААА, MX, CNAME, NS, TXT, SRV рекорди. Можете слободно да додавате, бришете и менувате дополнителни записи од ДНС зоната. Дополнително, со еден клик може да конфигурирате и користите MX записи на Google. Притоа, доколку згрешите, може да ја рекреирате целата зона. Повеќе околу оваа услуга може да прочитате на следниов линк: http://www.mkhost.com.mk/dns-hosting/
 
За записите внесени во ДНС зоната преку МКхост да бидат валидни, потребно е именските опслужувачи да бидат оние на МКхост. Доколку именските опслужувачи покажуваат на друго место, записите од ДНС зоната на МКхост нема воопшто да се земат во предвид.
За управување со ДНС зоната има два начини. Првиот е преку вашата корисничка сметка - со користење на ДНС хостингот, а вториот е преку cpanel и е возможен доколку веќе имате закупено веб хостинг во МКхост.

Управување со ДНС зоната на вашиот домен преку вашата корисничка сметка со ДНС хостинг услугата
 
Чекор 1: Логирајте се на вашата корисничка сметка. (Линк: http://mkhost.com.mk/clients  потоа кликнете на Безбедна најава). Тука најавете се со вашето соодветно корисничко име и лозинка. 

slika 1.1.1  

 dfdfd
Чекор 2: Откако ќе се најавите изберете домени.



dfdgfg

Чекор 3: Во новоотворениот прозорец одберете го доменот со кој сакате да ја менувате ДНС зоната и кликнете на управувај со доменот

slika
 
Чекор 4: Во новоотворениот прозорец кликнете на ДНС хостинг. Доколку претходно немате креирано ДНС хостинг за доменот кликнете на ДА, Креирај (претходно именските опслужувачи треба да се сетирани на именски оплсужучи на МКхост, а тоа се: dns1.mk-host.mk и dns2.mk-host.mk). 

dnszone
 
Чекор 5: Во новоотворениот прозорец ја гледате дифолтната ДНС зона, во која имате веќе поставено А рекорд, MX рекорд и CNAME рекорд. Тука може да ги менувате веќе постоечките и креирани рекорди или пак во делот Додади нов ДНС запис да додадете нови записи. При било каква промена на постоечките записи или пак при додавање на нов запис за да зачувате потребно е да кликнете на крајот на Зачувај промени. Доколку сакате да конфигурирате MX запис на Google, само кликнете на Конфигурирај МX запис да биде на Google, а доколку сакате да се вратите на почетната состојба кликнете на Ре-креирај ja DNS зоната
За да бидат активни промените кои ги правите треба да проверите дали доменот е подесен на главните ДНС сервери: dns1.mk-host.mk и dns2.mk-host.mk .

Управување со ДНС зоната на вашиот домен преку контролен панел на вашиот хостинг (cPanel)

Чекор 1:
Најавете се на вашиот cpanel акаунт (Линк: imeto-na-vasiot-domen.mk/cpanel) со соодветно корисничко име и лозинка. 

Чекор 2: Во делот Domains кликнете на Advanced DNS Zone Editor

advanced zone editor

Чекор 3: Во новоотворениот прозорец во делот  Domain одберете го доменот за кој сакате промена 

dnszone

Чекор 4: Откако го избравте доменот за кој ќе менаџирате со ДНС зоната, во новиот дел од прозорецот се појавува форма за додавање нов запис (Add a Record) како и моменталните записи на зоната (Zone File Records).
За модификување на моменталните записи, потребно е да го кликнете копчето за едитирање во десниот дел десно од записот и со клик на копчето Edit Record да ги зачувате нововнесените податоци.

dns edit

Доколку сакате да поставите нов запис, во формата под делот Add a Record, најпрво одберете го типот на рекорд - A (Address), AAAA (IPv6 Address), CNAME (Canonical Name), SRV (Service Record), TXT (Text Record). Внесете ги соодветните податоци за избраниот тип и кликнете на Add Record. Во примерот даден на сликата се додава запис за доменот proba.mk кој ќе насочува кон IP адресата 107.151.3.18.

add a record


Оваа опција е возможна ако за доменот имате закупено хостинг кај нас и главните ДНС сервери на доменот се подесени на конкретниот сервер каде што ви е активен хостингот во МКхост.

這篇文章有幫助嗎?

 列印本文

Also Read

Како да си го префрлам сајтот од друг хост на МКхост?

Имате проблеми со вашиот хост провајдер? Плаќате многу пари? Поддршката на моменталниот хост е...

Како до *.mk домен?

Регистрација на mk , com.mk , net.mk , org.mk , edu.mk и inf.mk домени МКхост нуди...

Како самостојно да го земете Вашиот ЕПП код

  Доколку имате регистрирано домен во МКхост и истиот сакате да го трансферирате кај друг...

Сакам да регистрирам домен, но сакам да биде хостиран на друг провајдер.

  Да, може да регистрирате домен преку МКхост и истиот да го хостирате на друг...

Редирекција на .mk домени

МКхост за своите клиенти овозможи нова функционалност - редирекција на домен кон веќе постоечка...