Како да променам лозинка на мојот cpanel акаунт?

Лозинката за најава во вашиот контролен cpanel може да ја менувате во било кое време. Постојат два начини со кои можете да ја промените лозинката на вашиот cpanel акаунт. 
 
Прв начин на менување на лозинка на вашиот cpanel акаунт доколку ја знаете старата лозинка
 
Чекор 1: Логирајте се на вашиот cpanel акаунт (линк: imeto-na-vasiot-domen/cpanel) со вашете соодветно корисничко име и лозинка
 
Чекор 2: Во новоотворениот прозорец во делот Preferences кликнете на Password & Security.

password and security

 
Чекор 3: Во новоотворениот прозорец напишете ја старата лозинка, а во другите две полиња поставете ја новата лозинка и кликнете на Password & Security. (Водете сметка лозинката да биде составена од букви, бројки, и од барем еден специјален карактер) .


промена на лозинка

 
Втор начин за менување на лозинката на вашиот cpanel акаунт преку клиентскиот дел на МКхост
 
Чекор 1: Логирајте се на системот за клиенти на МКхост (https://mkhost.com.mk/clients) со сооветното корисничко име и лозинка
 
Чекор 2: Во новоотворениот прозорец кликнете на Хостинзи, а потоа на Мои хостинзи

changepassword

 
Чекор 3: Во новоотворениот прозорец ќе ги видите услугите кои ги имате закупено. Кликнете на Активен 


changepassword

 
Чекор 4: Во новоотворениот прозорец кликнете на Промени лозинка.


changepassword

Во новиот прозорец внесете ја новата лозинка, истата потврдете ја и кликнете на Сними промени.


changepassword


 
Сега може да се најавите на вашиот контролен панел со новата лозинка (Линк за најава на контролниот панел: http://yourdomin/cpanel ) 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Кои се начините на плаќање?

Како може да платам за услугите на МКхост?МКхост сега за сега нуди два начини на уплата и тоа: -...

Како да ја променам лозинката на некоја е-маил адреса?

За да ја промените лозинката на некоја е-маил адреса, треба да се логирате во вашиот cPanel:...

Разлики помеѓу Linux и Windows хостинг платформи. На која платоформа да го хостирате вашиот веб сајт?

Доколку планирате да стартувате сопствен веб сајт едно од почесто поставуваните прашања е на...

Како да ја префрлам мојата веб страница во МКхост?

За една веб страница соодветно да функционира и да биде пристуна на Интернет потребно е да има...

Промена на регистрант податоци преку кориснички панел и промена на административен и технички контакт

   Честопати сопственикот на домен има потреба од промена на некои податоци на својот акаунт,...