Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

Доколку имате регистрирано домен во МКхост може да го промените регистрантот (сопственикот) на доменот во било кое време. 

Процедурата за промена на регистрант на домен кој е регистриран во МКхост е следна: 

  1. За промена на регистрант (сопственик на доменот) потребни се две барање (се користи истото барање за стариот и новиот сопственик - регистрант). 
  2. Првото барање превземете го од следниов линк. Потоа барањето пополнете го со податоци од моменталниот регистрант (сопственик - правно или физичко лице) на доменот, во полето Целосен назив на новиот регистрант внесете го името на новиот регистрант (новиот сопственик) на доменот. На крај, ставете потпис и печат (доколку се работи за правно лице) на барањето. Потписот и печатот треба да бидат од стариот регистрант (од оној чии податоци ги внесовте погоре). 

Пример барање од стариот регистрант на доменот



3. Превземете уште едно барање на следниов линк , и истото ќе го пополните со податоци од новиот регистрант (новиот сопственик) на доменот.  На ова барање ставете потпис и печат (доколку се работи за правно лице). Потписот и печатот(за правни лица) треба да бидат од новиот регистрант (новиот сопственик). 


Пример барање од новиот регистрант - сопственик

Двете барања потребно е да ни ги доставите на еден од следниве начини:

     -  лично, во просториите на МКхост - мапите може да ги најдете на следниот линк: http://mkhost.com.mk/preregistracija/#lokacii
     -  
МКхост - Аеродром, Адреса: Бул. Јане Сандански 71А - А.4.7, 1000 Скопје (Capitol Mall & Residence, влезот на StoneBridge Hotel - 4ти кат)
     -  по пошта до: МКХОСТ ДООЕЛ бул. Јане Сандански 71А - А.4.7 1000 Скопје
     -  со дигитален потпис (доколку поседувате) и барањето ни го праќате на domains@mkhost.com.mk 

околку стариот или новиот регистрант е физичко лице, потребно е барањето да се достави лично)

Кога ќе ги добиеме барањата сопственоста на доменот ќе биде променета. Оваа промена не се наплаќа. Датумот на истек на доменот не се менува. Новиот регистрант ќе биде одговорен за правата на доменот и обнова за истиот во иднина.




Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Постапка за бришење на домен

Доколку имате активен домен во МКхост, но истиот веќе не Ви е потребен и не сакате да го...

Редирекција на .mk домени

МКхост за своите клиенти овозможи нова функционалност - редирекција на домен кон веќе постоечка...

Промена на информации за административен и технички контакт

При регистрација на домен потребно е да поставите податоци за административен и технички контакт....

Најчесто поставувани прашања за кириличните .мкд домени

Прашање 1: Како да ја преведам мојата кирилична (уникод) адреса во ASCII за да може истата да се...

Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува...