Промена на квота на одредена e-mail адреса

При креирање на e-mail адреса преку вашиот cpanel акаунт имате можност да подесите квота за истата. Односно максимална дозволена големина која e-mail адресата би можела да ја користи од хостинг просторот. Кога квотата ќе биде исполнета потребно е истата да се зголеми или да се избришат непотребни e-mail пораки. Доколку се одлучите за промена на квотата на одредена e-mail адреса следете ги инструкциите подолу: 
 
Чекор 1: Најавете се на вашиот контролен панел (cpanel) (http://ime-na-vas-domen/cpanel) со соодветно корисничко име и лозинка
 
Чекор 2: Во новоотворениот прозорец во делот Mail кликнете на Email Accounts
 
Slika

Чекор 3: Во новоотворениот прозорец пронајдете ја адресата за која сакате да ја промените квоатата (или онаа e-mail адреса чија квота е исполнета - прикажана со црвена боја) и кликнете на Change Quota

Slika
 
Чекор 4: Во новоотворениот дел ставете нова (поголема/помала квота за дадената e-mail адреса или пак сетирајте ја истата да има Unlimited квота што би значело дека дадената e-mail адреса може целосно да ги користи слободните ресури за хостинг акаунтот). На крај кликнете на Change Quota

slika


Со тоа промената на квотата на e-mail адресата е успешно завршена. 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?

Нашите сервери ја нудат опцијата за користење на различни верзии на PHP (5.2 , 5.3 , 5.4, 5.5 )....

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт и како можам да ги менувам PHP settings?

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?Како наши корисници имате можност...

Како да избришам веќе креиран емаил?

1) Во менито Email accounts лоцирајте го е-маилот што сакате да го избришете. 2) Кликнете на...

Како да инсталирам Wordpress и соодветна тема користејќе го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги...

Како да пристапам до контрол панелот - cPanel?

За пристап до контролниот панел можни се два начини кои се објаснети во продолжение. Со...