Постапка за бришење на домен

Доколку имате активен домен во МКхост, но истиот веќе не Ви е потребен и не сакате да го користите, може да поднесете барање до нас за бришење на истиот.

Постапката за бришење на домен е следна:

Чекор 1: Потребно е барање за бришење на домен, кое што можете да го најдете на следниов линк

Чекор 2: Пополнете го барањето со податоци од сопственикот на доменот и ставете потпис и печат (ако се работи за правно лице), притоа во барањето потребно е да биде штиклирано полето бришење на доменот.

slika

Чекор 3: Пополнетото барање потребно е да биде доставенo до нас на еден од следниве начини  

     - лично, во просториите на МКхост (мапите може да ги најдете на следниот линк: http://mkhost.com.mk/preregistracija/#lokacii) МКхост - Аеродром, Адреса: Бул. Јане Сандански 71А - А.4.7, 1000 Скопје (Capitol Mall & Residence, влезот на StoneBridge Hotel - 4ти кат), одговорно лице: Магдалена 078 318 521

     - по пошта до: МКХОСТ ДООЕЛ бул. Јане Сандански 71А - А.4.7 1000 Скопје 

     - со дигитален потпис (доколку поседувате) и барањето ни го праќате на domains@mkhost.com.mk

 Доколку сопственикот на доменот е физичко лице барањето потребно е  да биде доставено лично.

這篇文章有幫助嗎?

 列印本文

Also Read

Како самостојно да го земете Вашиот ЕПП код

  Доколку имате регистрирано домен во МКхост и истиот сакате да го трансферирате кај друг...

Како до *.mk домен?

Регистрација на mk , com.mk , net.mk , org.mk , inf.mk , edu.mk и .мкд  домени МКхост нуди...

Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

Доколку имате регистрирано домен во МКхост може да го промените регистрантот (сопственикот) на...

Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува...

Промена на DNS сервери (именски опслужувачи) на вашиот домен

Mанипулирањето со именските опслужувачи подразбира промена на авторитетните DNS сервери за...