Како да инсталирам Joomla користејќи го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги користите при креирање на вашата веб страница. Користејќи го Softaculus, автоматскиот инсталатор на апликации, секој корисник на хостинг пакет кај нас може многу едноставно да инсталира Joomla во само неколку клика. 
 
Инструкции за инсталирање на Joomla преку Softaculus:
 
Чекор 1: Логирајте се на вашиот cPanel акаунт (http://vasiotdomen/cpanel) со вашето корисничко име и лозинка
 
Чекор 2: Откако успешно ќе се логирате во делот Softaculus Apps Installer кликнете на Joomla

dfdsf
 
Чекор 3: Во новоотворениот прозорец кликнете на табот Install за да започнете со инсталацијата (во другите табови може да прочитате повеќе околу Joomla) 

fdfdg
 
Чекор 4: На следната отворена страница пополнете ги деталите за да започне вашата Joomla инсталација 

      - Најпрво изберете ја верзијата на Joomla која сакате да ја инсталирате (препорачуваме да ја одберете последната верзија на Joomla)
      - Изберете го доменот за кој сакате да инсталирате Joomla
      - Во делот In Directory потребно е да го внесете root фолдерот за Joomla инсталацијата. Нема потреба истиот тој фолдер претходно да го креирате затоа што при самата инсталација Joomla ќе го креира фолдерот (ЗАБЕЛЕШКА: По дифолт Joomla ќе се инсталира во фолдерот vasiotdomen.com.mk/joomla16 . Доколку сакате вашата веб страна да оди директно кон vasiotdomen.com.mk тогаш оставете го ова поле празно)
      - Во полето Database Name изберете го името на базата која ќе се креира за инсталацијата. (ЗАБЕЛЕШКА: Запаметете го ова име (запишете го на страна) затоа што истото ќе ви биде потребно кога ќе сакате да направите некакви корекции (пример: ресетирање на лозинка, експорт на датабазата итн). Притоа важно е да се напомене дека сите сетинзи за Joomla инсталацијата ќе се чуваат во оваа база, и доколку има било каков проблем можете да проверите тука)

fdgdfg
      - Admin Username - корисничкото име кои ќе се користи за пристап до Joomla административниот панел 
      - Admin Password - лозинка која ќе се користи за пристап до Joomla административниот панел. 
      - Admin Email - Email адресата на која сите CRON активности или други поврзани e-mail пораки ќе бидат испратени. (ЗАБЕЛЕШКА: Препорачуваме тука да поставите email адреа која често ја проверувате и користите за да бидете во тек со сите случувања и да можете да ги примате навремено сите нотификации

dfdg


Чекор 5: Откако сите детали ќе бидат пополнети кликнете на Install за да започне инсталацијата. Откако инсталацијата ќе заврши ќе се отвори страница на која ќе се наоѓаат линковите до вашата Joomla страница и до Joomla административниот панел со што инсталацијата е успешно завршена. 

rfgdfgdf
 
За пристап до Joomla администраторскиот панел едноставно кликнете на Administrative линкот. Во новоотворената страница најавете се со податоците за најава кои предмалку ги внесовте во инсталациониот процес. Сега можете слободно да поставувате нови постови, слики итн. ,  да ги менувате темите и да ја модифицирате вашата веб страна дирекно преку Joomla администраторскиот панел. 

fgfdgfg
 
Притоа со помош на Softaculus може многу едноставно да креирате и backup на Joomla веб страницата и доколку се случи било што во било кое време да го ресторирате. Меѓутоа оваа постапка ние не ја препорачуваме затоа што ние веќе правиме редовен дневен, неделен и месечен backup на целокупниот ваш акаунт така што овој дополнителен backup само би ви заземал простор од вашиот хостинг акаунот и може за брзо да би се јават проблеми со недостаток на хостинг простор. 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Креирање на бази, додавање корисници во базата и доделување пермисии за секој корисник соодветно

Секој корисник може самостојно да креира бази на податоци преку неговиот cPanel акаунт.    За...

Како да додадам нов Addon и нов Parked домен и што ако истиот е кириличен .мкд домен?

Addon домен    Addon домен е целосно функционален домен кој корисникот може самостојно да го...

Промена на квота на одредена e-mail адреса

При креирање на e-mail адреса преку вашиот cpanel акаунт имате можност да подесите квота за...

Како можам да ги менувам PHP settings?

Во голем дел од случаевите при работа (изработка) на веб сајт потребно е да смените одредени...

SSH пристап, клучеви и конектирање

Што е SSH?   Secure SHell (SSH) претставува UNIX-базиран интерфејс и протокол за безбеден...