Редирекција на .mk домени

МКхост за своите клиенти овозможи нова функционалност - редирекција на домен кон веќе постоечка веб страница или до било која друга веб локација. 

За поставување на редирекција доволно е само доменот кој сакате да го редиректирате да го имате регистрирано/закупено кај нас, а за истиот немате закупено хостинг пакет. Доколку за овој домен веќе имате закупено хостинг пакет кај нас, за поставување на редирекција на истиот следете ги инструкциите на следниов линк

Инструкции за поставување на редирекција на домен 


Чекор 1: Проверете ги именските опслужувачи на доменот (Кликнете на Домени делот од менито, во новоотворениот прозорец одберете го соодветниот домен и кликнете на DNS servers). Доколку именските опслужувачи се dns1.mk-host.mk и dns2.mk-host.mk тогаш нема потреба ништо да менувате, во спротивно сменете ги именските опслужувачи следејќи ги инструкциите на следниов линк . Притоа бидете сигурни околу промената не именските опслужувачи, со цел да не ги изгубите вашите ДНС рекорди.

НАПОМЕНА: Доколку штотуку сте го регистрирале доменот кај нас, при регистрација нашиот систем првобитно ги поставува нашите дифолтни именски опслужувачи dns1.mk-host.mk и dns2.mk-host.mk и нема потреба ништо да менувате.

Чекор 2: Логирајте се на клиентскиот дел на МКхост со Вашето корисничко име и лозинка . Доколку истите не ги знаете контактирајте не за да истите веднаш Ви бидат испратени од наше техничко лице.

Чекор 3: Во новоотворениот прозорец кликнете на Домени делот од менито, а потоа изберете Закупени домени

REDIRECTION

Чекор 4: Во новоотворениот прозорец ќе имате преглед на сите домени закупени кај нас. Одберете го доменот кој сакате да го редиректирате и во делот опции (погледнете слика подолу) одберете Редиректирај домен

REDIRECTION1


Чекор 5: Во новоотворениот прозорец во делот Редиректирај до внесете ја целата патека (URL) / линк до каде сакате самиот домен да редиректира. На крај кликнете на ПОТВРДИ


REDIRECTION2



Со тоа редирекцијата е направена.

НАПОМЕНА: Доколку именските опслужувачи сте ги промениле непосредно пред поставувањето на редирекцијата, или доменот е штотуку регистриран, за да редирекцијата биде видлива почекајте одредено време да се рефрешираат ДНС зоните (неколку часа).

Hasznosnak találta ezt a választ?

 Kinyomtatja ezt a cikket

Ezenkívül olvassa el

Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

Доколку имате регистрирано домен во МКхост може да го промените регистрантот (сопственикот) на...

Постапка за бришење на домен

Доколку имате активен домен во МКхост, но истиот веќе не Ви е потребен и не сакате да го...

Како да го трансферирам мојот домен во МКхост?

Доменот од било кој регистрар може да го трансферирате во МКхост, без разлика дали се работи за...

Како до *.mk домен?

Регистрација на mk , com.mk , net.mk , org.mk , inf.mk , edu.mk и .мкд  домени МКхост нуди...

Промена на информации за административен и технички контакт

При регистрација на домен потребно е да поставите податоци за административен и технички контакт....