Детални инструкции за Professional Spam Experts

Со цел зголемување на безбедноста и веродостојноста на емаил сервисот, МКхост целосно го интегрираше SpamExperts системот за сите корисници на хостинг услугите кои користат емаил услуга. SpamExperts е нова бесплатна услуга која МКхост ја воведе за своите корисници се со цел заштита од примање и доставување на спам и malware (заразени) емаил пораки. Преку овој сервис драстично се намалува бројот на Spam пораки кои секојдневно пристигнуваат во емаил сандачињата од една страна, а од друга страна ќе го сведеме ризикот за IP Address Black Listed на минимум, од можни спам испраќања.

Сега, сите појдовни и дојдовни пораки се скенираат во реално време и сомнителните пораки се ставаат во системскиот карантин (не се доставуваат).
Но приказната не застанува тука, МКхост во соработка со SPAM EXPERTS овозможува и целосно менаџирање со спам филтерот за секој корисник индивидуално преку неговиот cPanel - Бесплатно. Така Вие самите може да упрвувате со Вашите емаил пораки, да декларирате пораки како спам, да пропуштате валидни пораки и да го научите системот да се прилагоди на Вас се со цел помалку примени/испратени спам пораки. Во прилог на овој туторијал може да најдете подетални инструкции околу управување со спам филтер системот

Во овој туторијал се прикажани најважните параметри и опции кои може да ги конфигурирате и кои ќе се важни за управување со спам филтерот. Важно е да знаете дека Вашиот домен веќе е поставен во филтерот доколку го користи нашиот eмаил сервер. Доколку користите друг Remote email server, тогаш SpamExperts услугата е исклучена за вашиот домен.

За најава во администраторскиот панел на Spam Experts може да ја користите иконата Profesional Spam Filter која се наоѓа во секцијата EMAIL со најава во вашиот cPanel account.

SE1
 
За најава само кликнете на иконата. Во новоотворениот прозорец се клика на Login и ќе бидете редирекцирани на администраторскиот панел на Spam Experts панелот.

SE8
 
Во новоотворениот прозорец ќе го забележите администраторски панел поделен во неколку секции од кои најбитни за Вас се: 

      • Incoming Section
      • Outgoing 
      • Protection report section
      • Email restiction
      • Whitelist/Blacklist

         1.  Incoming секција 

SE3
  • Log search - можност за пребарување на логови на сите дојдовни емаил пораки по различен критериум и тоа: име на хост, IP адреса на испраќач, име на примач, сето тоа во соодветна временска рамка. 
  • Spam Quarantine - област каде што се наоѓаат сите сомнителни дојдовни пораки кои се блокирани од спам филтер системот. Може да ги прегледате и да пребарувате низ истите и тоа по име на испраќач, наслов (subject)... Понатаму овие пораки може да ги избришете или пак да ги тргнете од карантин односно да ги пропуштите во вашиот Inbox. Тие пораки кои се пропуштени односно пораките кои сте ги маркирале како легитимни ќе бидат доставени во Вашиот Inbox. Дополнително, системот ќе "научи" вакви слични пораки во иднина да ги пропушта директно во Вашиот Inbox без воопшто да ги носи во карантин. 
  • Delivery queue - преглед на сите емаил пораки кои стојат во ред не чекање за да бидат испратени до одредена емаил адреса, причина зошто се уште не се доставени, како и можност за доставување на  пораката до соодветната клиентска емаил адреса веднаш.
  • Domain aliases - можност за додавање на Вашите Parked/Addon домени во спам филтер системот. Во моментов само носечкиот домен на Вашиот хостинг е внесен во анти спам системот. 
  • Domain Settings  - можност за поставување на контакт емаил адреса на која би пристигнувале сите нотификации поврзани со спам филтер системот. 
  • Domain statistics - листа на статистики за доменот за одредена временска рамка (број на излезни пораки)
  • Report spam - доколку сепак во Вашиот Inbox се најде спам порака истата може да ја репортирате како спам така што ќе направите Upload на истата во .eml или .msg формат во овој дел . Така филтерот во иднина сите пораки слични на специфичката порака ќе ги става во карантин автоматски
  • Report not spam - доколку некоја легитимна за Вас порака системот ја препознава како спам, најпрво тргнете ја од карантин и поставете во во Вашиот Inbox а потоа направете и Upload во .xml или .msg формат на истата  така што сите слични на неа пораки ќе пристигнуваат директно во вашиот Inbox. 
               2. Outgoing секција

SE4
  • Log search - можност за  пребарување логови на било која појдовна емаил адреси по различен критериум и тоа: име на хостот, IP адресата на испраќачот, име на примач итн , и сето тоа во соодветна временска рамка. 
  • Outgoing reports - репорти за сите појдовни пораки во различна временска рамка. 
 
             3. Protection report

http://mkhost.com.mk/kb/SE5.png
  • On-demand report - можност за генерирање на периодичен извештај кој може да се испрати на емаил како html документ или PDF фајл. 
  • Periodic domain report -  можност за генерирање и испраќање на дневен или неделен извештај. 
  • Periodic user report - можност за додавање на корисници кои треба да ги добиваат неделните/периодичните извештаи
              4. Email restrictions section

SE6

  • Attachment restrictions - можност за спецификација на дозволени типови на attachments кои дојдовните/појдовните пораки може да ги содржат во себе.
  • Email size restrictions - можност за спецификација на максималната големина на пораката која може да помине низ филтерот односно да пристигне/испрати. 
       
                  5. Whitelist/Blacklist секција

SE7
  • Sender whitelist - можност за whitelisting на одредена Ваша емаил адреса. Корисниците додадени тука воопшто нема да поминуваат низ филтерот.
  • Recipient whitelist - можност за whitelisting на одредена дестинациска емаил адреса. Корисниците додадени тука воопшто нема да поминуваат низ филтерот и нивните пораки директно ќе проаѓаат низ филтерот.
  • Sender blacklist - можност за додавање на емаил адреси на испраќачи кои автоматски се блокирани од анти спам филтер системот.
  • Recipient blacklist - можност за блокирање на Ваши емаил адреси кои нема да можат да испратат емаил порака.  

 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да променам лозинка на одредена e-mail адреса?

Процедура за промена на лозинка на дадена e-mail адреса.    Чекор 1: Логирајте се на вашиот...

Поставување на OoO (Out of Office) порака

Како да поставам ОоО (Out of Office) порака? Понекогаш при работењето доаѓате во ситуации кога...

Најчести проблеми и решенија поврзани со Вашите мејл адреси

  Во овој туторијал детално ќе ги објасниме проблемите кои може да се појават со Вашите мејл...

Поставување на Mail Forwarders

Поставување на Мail Forwarders Кога еден акаунт има потреба да ги fw пораките од неговиот кон...

Подесувања на е-маил на одреден емаил клиент (Outlook / Thunderbird / паметни телефони)

Outlook – POP3 протокол Откако сте отвориле Outlook од менито Tools изберете ја опцијата...