Како до *.mk домен?

Регистрација на mk , com.mk , net.mk , org.mk , inf.mk , edu.mk и .мкд  домени

МКхост нуди  регистрација  на  Македонски  домени  и  тоа со следните наставки: .mk , .com.mk , .net.mk , .org.mk , .inf.mk , .edu.mk и .мкд


Секој може да изврши закуп/регистрација на .mk и .мкд домен преку МКхост без разлика дали е тоа физичко лице или регистрирана компанија/фирма/организација.

Домените со наставка .com.mk, .inf.mk и .net.mk мора да се регистрираат на правно лице, .org.mk мора да се регистрира на име на организација и домен со наставка .edu.mk  на име на образовна институција.

МКхост е официјален регистрар за Македонските домени.

Лицето/фирмата што ќе ја изврши регистрацијата преку МКхост ја има целата сопственост врз доменот. Тоа значи: промена на ДНС сервери ( именски опслужувачи ) во секое време од страна на сопственикот, промена на доменот на име на друга фирма/компанија ( промена на сопственост), прекин на доменот, додавање на пристап за менаџирање со доменот на повеќе лица ( контакти ).

МКхост нуди уникатен и единствен точен пребарувач за македонските домени. Пребарувачот Ви укажува на тоа дали може саканиот домен да биде регистриран или не. Доколку доменот е слободен за регистрација тогаш можете да извршите нарачка и да го регистрирате доменот преку МКхост. Ако пребарувачот за домени Ви даде резултат дека доменот не може да се регистрира, тоа значи дека истиот е веќе регистриран или не може да се изврши регистрација на доменот.

За проверка на домени и регистрација / нарачка на домен, кликнете на следниот линк:  

- Доколку доменот биде регистиран на нашите хостинг сервери, односно доколку со доменот закупите и хостинг пакет, тогаш ние го подесуваме истиот и ги доставуваме именските опслужувачи (ДНС сервери).

- Доколку сакате доменот да биде регистиран и хостиран на друг хостинг сервер, тогаш треба да ги внесете именските опслужувачи (ДНС серверите) од провајдерот каде што ќе го хостирате доменот. Во случај да не ги знаете, може да ги изберете ДНС серверите на МКхост, а во иднина лесно, онлјан да ги промените во секое време.

Пример за ДНС сервери со вклучени ip адреси се:

dns1.mk-host.mk

dns2.mk-host.mk

Доколку не сакате да биде хостиран доменот ( активен на некој хостинг провајдер/хостинг простор ), МКхост може да го постави истиот на свои ДНС сервери, со што тој би бил само активно регистриран. Ова е одлична опција доколку сакате доменот да го регистрирате на време, пред некој друг да го закупи, а доколку сеуште не планирате да го користите за презентација на Вашата веб страна.

Временскиот период за регистрација е независен и се движи од неколку минути по уплата до неколку часа.

 

Kas see vastus oli kasulik?

 Prindi artikkel

Loe veel

Промена на DNS сервери (именски опслужувачи) на вашиот домен

Mанипулирањето со именските опслужувачи подразбира промена на авторитетните DNS сервери за...

Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

Доколку имате регистрирано домен во МКхост може да го промените регистрантот (сопственикот) на...

Најчесто поставувани прашања за кириличните .мкд домени

Прашање 1: Како да ја преведам мојата кирилична (уникод) адреса во ASCII за да може истата да се...

Како самостојно да го земете Вашиот ЕПП код

  Доколку имате регистрирано домен во МКхост и истиот сакате да го трансферирате кај друг...

Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува...