Како да додадам нов поддомен (Subdomain) и да сменам одредени подесувања за него


Поддомен
 
Поддоменот (Subdomain) претставува проширување на примарниот домен кој корисникот може самостојно да го креира преку неговиот контролен панел (cPanel). Поддоменот се користи доколку на истиот хостинг сакате да поставите нова, независна веб страна, но не Ви е потребен различен домен од примарниот. Доколку главниот домен е domen.mk, поддомените ќе ги препознаете како додавка на главниот домен, на пример: poddomen1.domen.mk, poddomen2.domen.mk и слично. До поддоменот можете да пристапите преку poddomen.domen.mk или domen.mk/poddomen. Дополнително, за секој креиран addon домен, автоматски се креира негов поддомен.
 
Инструкции за креирање на поддомен
 
Чекор 1: Најавете се на Вашиот cPanel account (ime_na_vasiot_domen/cpanel) со соодветно корисничко име и лозинка.
Чекор 2: Во делот Domains, кликнете на Subdomains.

subdomail

Чекор 3
:
 - Во новоотворениот прозорец во делот Subdomain внесете го името на поддоменот кој сакате да го креирате.
 - Доколку имате повеќе активни домени на Вашиот хостинг, од паѓачкото мени од делот Domain, изберете го доменот за кој ќе го креирате поддоменот.
 - Во делот Document Root поставете ја патеката каде сакате да биде креиран фолдерот на поддоменот, каде ќе ја поставите Вашата веб страна. На примерoт даден на сликата, фолдерот на поддоменот proba.mkhost.com.mk е сместен во public_html фолдерот. Доколку не го пополните Document root полето, тоа автоматски ќе биде пополнето и фолдерот на поддоменот ќе биде во home директориумот (/).
 - Кликнете на копчето Create.

subdomain2

Со ова постапката за креирање на поддомен е завршена.
Имајте во предвид дека по креирање на одреден поддомен треба да почекате да се рефрешираат ДНС зоните (некогаш е можно да не е достапен веднаш на интернет). Наш предлог е првин да го креирате поддоменот (без претходно да го пристапите во прелистувач), да почекате 5 минути по креирање и тогаш да го пристапите.

Подесувања на одредени измени на креиран поддомен
 
 
На веќе постоечки поддомен може да се направат одредени измени. За да ја сменете патеката, најпрво пронајдете го поддоменот во делот Subodomains --> Modify a Subdomain, во делот Document Root кликнете на иконата за едитирање.
 
subdomain3

Во новоотворениот прозорец внесете ја новата патека. Потоа, кликнете на копчето Change.


subdomain4

Доколку пак сакате поддоменот да редиректира кон друг домен, кликнете на копчето Manage Redirection и внесете го линкот до кој сакате поддоменот да редиректира, па кликнете на копчето Save.

subdomain5

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да инсталирам Joomla користејќи го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги...

Креирање на FTP account-и и поврзување

FTP (File Transfer Protocol) е протокол чија функција е комуникација и размена на податоци помеѓу...

SSH пристап, клучеви и конектирање

Што е SSH?   Secure SHell (SSH) претставува UNIX-базиран интерфејс и протокол за безбеден...

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?

Нашите сервери ја нудат опцијата за користење на различни верзии на PHP (5.2 , 5.3 , 5.4, 5.5 )....

Креирање на бази, додавање корисници во базата и доделување пермисии за секој корисник соодветно

Секој корисник може самостојно да креира бази на податоци преку неговиот cPanel акаунт.    За...