SSH пристап, клучеви и конектирање

Што е SSH?
 
Secure SHell (SSH) претставува UNIX-базиран интерфејс и протокол за безбеден пристап до оддалечен компјутер/сервер. Операциите врз серверот се извршуваат преку командна линија, а командите се Linux базирани. Комуникацијата со серверот се одвива преку јавни и приватни клучеви со кои се постигнува енкрипитирана комуникација и во овој туторијал ќе биде објаснето нивниото креирање и пристапот до серверот.
 
Како до SSH пристап?
 
За да имате овозможен SSH пристап потребно е да се задоволени следните предуслови:
 
 - Потребно е да имате статичка (постојана) IP адреса дадена од Вашиот интернет провајдер. Динамичката IP адреса е променлива на одреден временски интервал, и затоа за истата не може да се овозможи постојан SSH пристап (поради тоа што се додава во нашиот firewall). Откако ќе биде овозможен, уредите кои ја имаат статичката IP адреса веднаш ќе може да пристапат до серверот.
 - Потребно е да имате инсталирано SSH клиент - софтвер преку кој ќе се конектирате на серверот. Во овој туторијал ќе се работи преку софтверот PuTTY (putty.org)
 - Испратете e-mail барање до support@mkhost.com.mk во кое ќе биде наведено за кој account е потребен SSH пристап и Вашата статичка IP адреса. Откако ќе биде овозможен пристапот, во повратен mail ќе бидат прецизирани дополнителните технички информации (IP адреса на серверот и порта)  кои ќе бидат потребни во понатамошните чекори за конектирање со серверот.

Креирање клучеви за SSH пристап

SSH пристапот се одвива со користење на безбедносни клучеви за најава. 
За да ги креирате клучевите преку кои ќе се одвива комуникацијата, потребно е да се најавите на Вашиот кориснички панел (cPanel). Потоа следете ги следниве чекори:
 
  1. Во делот Security кликнете на SSH Access.

 ssh access
 
  1. Во новоотворениот прозорец кликнете на Manage SSH Keys, а потоа на Generate a New Key.

 new key
 
Во овој чекор се креира клучот кој ќе го користите за логирање. Тука автоматски се пополнува полето за име на клучот, тип и големина, а Вие е потребно да напишете лозинка за клучот, и да кликнете на Generate Key. Со ова јавниот клуч е креиран.

generate public key 
  1. Следно, потребно е да го авторизирате клучот. Во делот Public Keys, кликнете на Manage, и во новоотворениот прозорец, кликнете на Authorize.

    authorize

  2. За секој јавен клуч се креира соодветен приватен клуч, кој треба да се превземе во .ppk формат. Најпрво во делот Private keys најдете го името на клучот кој претходно го креиравте, и кликнете на View/Download. Во делот Convert the key to PPK format, внесете ја лозинката која ја внесовте при креирање на јавниот клуч, и кликнете на Convert, а потоа превземете го клучот преку кликање на Download Key. Вака креираниот клуч ќе се користи при подесувањата за конекција преку PuTTY.

    convert
 
Конектирање преку PuTTY
 
  1. Отворете го PuTTY. Во прозорецот кој што ќе се отвори, во делот Host name (or IP address), и Port, потребно е да ги внесете IP адресата на серверот на кој ќе се конектирате и соодветна порта, а тие информации ќе Ви бидат испратени на mail. Потоа во делот Saved Sessions запишете име на конекција, и кликнете на Save.

putty1

  1.  Следен чекор е да го внесете приватниот клуч кој претходно беше превземен. Во менито Connection на PuTTY, отворете го подменито SSH, и селектирајте го Auth. Откако ќе кликнете Browse, пронајдете го превземениот клуч и одберете го.

putty2
 
Со тоа процедурата за поставување на клучот е завршена. За да се конектирате на серверот само кликнете на копчето Open, внесете го Вашиот username и лозинката која ја креиравте при генерирање на клучот, и веќе сте конектирани на истиот.
 
 
 
 
 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да инсталирам Wordpress и соодветна тема користејќе го Softaculus преку мојот cpanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои можете многу едноставно да ги инсталирате и да ги...

Креирање на веб страна преку Site Publisher

На Вашиот кориснички панел има различни функционалности и поставки за Вашиот хостинг. Една од нив...

Креирање на бази, додавање корисници во базата и доделување пермисии за секој корисник соодветно

Секој корисник може самостојно да креира бази на податоци преку неговиот cPanel акаунт.    За...

Како да додадам нов Addon и нов Parked домен и што ако истиот е кириличен .мкд домен?

Addon домен    Addon домен е целосно функционален домен кој корисникот може самостојно да го...

Што е Addon domain?

"Addon" домен  е нов и уникатен вебсајт хостиран во нов фолдер на вашиот акаунт. Кога...