Креирање на FTP account-и и поврзување

FTP (File Transfer Protocol) е протокол чија функција е комуникација и размена на податоци помеѓу клиент и сервер. Клиентот може да поставува, превзема, брише, преименува, преместува и копира податоци од серверот. Најпрво потребно е клиентот да се логира на серверот, за што е потребен FTP account, и комуникацијата помеѓу нив може да започне. 

Користење на предефинираниот FTP account

Секој клиент има свој предефиниран FTP account, а username-от и лозинката се истите кои се користат при најава на корисничкиот панел (cPanel). Доколку клиентот се најави со овие податоци поврзувањето е на локација - Home. Доколку нема потреба од други account-и, најдобро е да се користи овој предефиниран FTP account. Креирањето на дополнителни FTP account-и и поврзувањето на клиентот се серверот ќе биде објаснето подолу во овој туторијал.
 
Креирање на FTP account
 
  1. Логирајте се на Вашиот контролен панел
  2. Во делот Files, кликнете на FTP accounts

    ftp account

  3. Пополнете ги следните полиња:
     - корисничкото име со кое ќе се најавувате. При најава, потребно е да го напишете корисничкото име заедно со името на доменот (во случајот proba@mkhost.com.mk)
     - лозинка за најава
     - директориумот кон кој ќе се овозможи пристап.
  4. Кликнете на Create FTP Account

    kreiranje account

Во делот FTP Accounts може да ги видете досега креираните account-и и да ја смените лозинката, квотата, да го избришете account-от, или да го симнете конфигурацискиот фајл преку кој ќе може да го поставите FTP клиентот. Оваа опција ќе биде подетално објаснета подолу во туторијалот.
 
Поврзување на клиентот со серверот
 
За да се овозможи комуникацијата помегу клиентот и серверот, потребно е клиентот (или компјутерот кој се поврзува со серверот) да има инсталирано FTP клиент - софтвер преку кој ќе се овозможи поврзувањето. Во овој туторијал ќе биде разгледана комуникацијата преку FileZilla клиентот, поконкретно ќе бидат објаснати двата начини на пристап - преку предефинираниот и новокреиран FTP account.

Поврзување преку предефинираниот FTP account

Во овој туторијал ќе објасниме два начини на кои можете да се конектирате преку предефинираниот FTP account:

  1. Рачно испишување на податоците

    За брза конекција со серверската страна, потребно е само во делот host name да се испише името на серверот или неговата IP адреса (овие податоци ќе бидат испратени на mail), во username да го испишете username-ot на Вашиот хостинг, а во password истата онаа лозинка која ја користите за најава на Вашиот cPanel. Во Ports внесете 21 за стандардната FTP комуникација. Потоа кликнете на Quick Connect и комуникацијата ќе биде воспоставена.

    quick connect

  2. Поврзување преку Site Manager

    Доколку преку рачното испишување на податоците се јавува проблем, може да го зачувате податоците за најава преку Site Manager. Одберете File ->Site Manager, и со кликање на New Site се креира нова конекција. Во делот Host, User и Port ги пишувате истите податоци како и кај рачното пишување. Во Encrytpion делот одберете - Only use plain FTP. Во делот Logon Type доколку одберете - Ask for password, лозинката ќе биде побарана откако ќе кликнете на Connect. Лозинката може да биде зачувана доколку во Logon Type одберете Normal. Конекцијата ќе се изврши по клик на копчето Connect.
    Со ова конекцијата е зачувана, и во иднина можете да се поврзете на серверот само преку кликање на соодветната конекција преку Site Manager.

    site manager


 Поврзување со новокреиран FTP account

Поврзувањето со новокреиран FTP account може да се изврши на два начини - преку конфигурацискиот фајл и рачно:
 
  1. Поврзување преку конфигурацискиот фајл
За овој начин на поврзување, потребно е да го превземете конфигурацискиот фајл во делот на веќе креирани FTP account-и од cPanel-от.
 - Кликнете на Configure FTP Client за конкретното корисничко име, и со клик на FTP Configuration File автоматски ќе започне превземањето на конфигурацискиот фајл. Забележете каде е зачуван фајлот, кој подоцна ќе биде вметнат при поставувањето на клиентот во FileZilla.

configuration file
 - Отворете FileZilla. Преку File ->Import, вметнете го претходно превземениот фајл.
 - За да се конектирате на серверот кликнете на File ->Site manager, и изберете ја конкретната конекција (претставена преку ftp.mkhost.com.mk или преку корисничкото име). Потоа конектирајте се со клик на Connect, и внесете ја претходно креираната лозинка.
 
  1. Поврзување преку рачно испишување на податоците
 
За да се поврзете на овој начин, потребно е да го знаете името на серверот или неговата IP адреса и да ја напишете во делот Host name. Овие податоци ќе Ви бидат испратени преку mail. Во делот username потребно е да го напишете корисничкото име (proba@mkhost.com.mk) и лозинката, како и портата за конекција (21 за основната, а 22 за заштитена комуникација). Потоа кликнете на Quick Connect.
 
 
Комуникација преку клиентот и серверот
 
Во левиот дел е претставен клиентскиот дел, а во десниот се излистани директориумите и фајловите на конектираниот сервер.
Поставувањето веќе постоечки фајлови/директориуми се врши преку drag and drop - само се зема дадениот фајл од клиентискиот (лев) дел, и истиот се 'влече' до серверскиот дел.
Превземањето на фајл/директориум од серверскиот дел се врши со десен клик и опцијата - Download. На ист начин се врши и бришење, преименување, копирање како и креирање нов директориум или фајл.
 
За да се дисконектирате од серверот, само кликнете на Server ->Disconnect.
 

Проблеми со конекцијата помеѓу клиентот и серверот
 
Доколку има повеќе конекции, без разлика дали е од истиот account или од друг, може да настане проблем со преголем број конекции. За да се елимира овој проблем потребно е да се најавите на Вашиот cPanel, и да кликнете на FTP Connections.

ftp connection

Во делот Current Connections се излистани сите моментални конекции. За да дисконектирате непотребна конекции, кликнете на Disconnect за конкретниот account.

ftp disconnection

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

SSH пристап, клучеви и конектирање

Што е SSH?   Secure SHell (SSH) претставува UNIX-базиран интерфејс и протокол за безбеден...

Како да додадам нов Addon и нов Parked домен и што ако истиот е кириличен .мкд домен?

Addon домен    Addon домен е целосно функционален домен кој корисникот може самостојно да го...

Промена на квота на одредена e-mail адреса

При креирање на e-mail адреса преку вашиот cpanel акаунт имате можност да подесите квота за...

Како да додадам нов поддомен (Subdomain) и да сменам одредени подесувања за него

Поддомен   Поддоменот (Subdomain) претставува проширување на примарниот домен кој корисникот...

Креирање на бази, додавање корисници во базата и доделување пермисии за секој корисник соодветно

Секој корисник може самостојно да креира бази на податоци преку неговиот cPanel акаунт.    За...