Креирање на веб страна преку Site Publisher
На Вашиот кориснички панел има различни функционалности и поставки за Вашиот хостинг. Една од нив е Site Publisher (Креатор на веб страна) со кој можете со неколку клика да креирате едноставна веб страна. При користењето на овој интерфејс, потребно е само да го одберете посакуваниот темплејт и да го внесете текстот кој ќе биде прикажан на веб страната.
Користење на Site Publisher
Најпрво потребно е да се логирате на Вашиот кориснички панел (cPanel).
- Во делот Domains, кликнете на Site Publisher

- Во новоотворениот прозорец потребно е да го изберете доменот за кој ќе ја креирате веб страната. Дополнително, во делот Search можете да го пребарате доменот. Потоа, одберете го доменот со кликање на иконата за селекција.

- Изберете темплејт за Вашата веб страна. Во зависност од потребите, има неколку понудени темплејти. За избор, само кликенете на сликата

- Во зависно од избраниот темплејт, во следната форма треба да пополните различни информации. Дел од нив се: наслов, опис на веб страната, име/име на фирмата, адреса, телефонски број, e-mail адреса, facebook профил и слично. Потоа, кликнете на Publish.

- Во последниот чекор опционално можете да ја прилагодите веб страната преку поставување фајлови на таа веб страна, креирање мејлови или нова веб страна. Само кликнете на некој од линковите и ќе бидете редиректирани до локацијата каде ќе може да се извршат тие операции

Доколку за доменот за кој ја поставувате веб страната веќе има постоечки фајлови/директориуми, за истите ќе биде извршен backup. Ако во директориумот има фајлови/директориуми со исто име како и новите кои се поставуваат, тие ќе бидат презапишани.
Исто така прочитајте