Промена на регистрант податоци преку кориснички панел и промена на административен и технички контакт

   Честопати сопственикот на домен има потреба од промена на некои податоци на својот акаунт, како што се име и презиме, email адреса, телефонски контакт и сл. Промената на овие податоци не можете да ја направите сами. За промена на овие податоци потребно е да не исконтактирате нас, односно да ни пишете меил од главната email адреса на вашиот акаунт. Во меилот наведувате дека барате измена на одреден податок. Меилот испратете го на domains@mkhost.com.mk Откако ќе го добиеме вашиот email со кој барате измена на одредени податоци, промената ќе биде направена.
   Доколку се случи да немате пристап до email-от кој е оставен како главен email контакт за акаунтот ќе биде потребно да ни доставите барање за промена на главна email адреса. Барањето треба да биде пополнето од сопственикот на доменот. Доколку сопственик на доменот е физичко лице, потребно е барањето да биде доставено лично во нашите канцеларии или пак по пошта со тоа што задолжително е да ни испратите и копија од лична карта заверена на нотар, но доколку се работи за правно лице барањето може да ни го испратите по пошта со соодветен потпис и печат од фирмата или пак скенирано на domains@mkhost.com.mk исто така со потпис и печат.
   При регистрација на домен потребно е да поставите податоци за административен и технички контакт. Тоа се контакти кои освен главниот e-mail на регистрантот на доменот (сопственикот на доменот) ќе можат да бараат и прават технички и/или административни промени/барања околку доменот и неговото управување. Токму затоа е потребно истите да бидат точни. Често се случува сопственикот на доменот да има потреба за промена на овие податоци. Оваа промена можете да ја направите сами следејќи ги следните инструкции:
 
  • Најавете се на вашата корисничка сметка со вашата email адреса и соодветната лозинка

            најава

  • Откако успешно ќе се најавите во корисничката сметка изберете
           избор

  • Изберете го доменот за кој сакате да направите измени и кликнете на стрелката

    дополнително мени
  • Со кликање на стрелката ќе ви се отвори drop down мени, изберете Промена на информации

      drop-down мени
  • Во новоотворениот прозор променете ги податоците и на крај кликнете Зачувај ги промените

   Со тоа промените се направени.

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да го надоградите хостинг пакетот?

Доколку веќе имате закупено некој од нашите хостинг пакети и одлучите дека сакате истиот...

Кои се начините на плаќање?

Како може да платам за услугите на МКхост?МКхост сега за сега нуди два начини на уплата и тоа: -...

Како да ја променам лозинката на системот за клиенти?

За да ја промените лозинката на системот за клиенти, кликнете на овој линк. Потоа...

Колку време е потребно за активација на услугите?

Ова е едно од често поставуваните прашања од нашите идни клиенти. Повеќето од нив имаат потреба...

Како да променам лозинка на мојот cpanel акаунт?

Лозинката за најава во вашиот контролен cpanel може да ја менувате во било кое време. Постојат...