Како самостојно да го земете Вашиот ЕПП код
Доколку имате регистрирано домен во МКхост и истиот сакате да го трансферирате кај друг регистрант, потребен ќе Ви биде ЕПП код за трансфер на доменот кој што може да го земете самостојно на следниот начин:Чекор 1: Најавете се на Вашиот кориснички панел.
За најава во Вашиот кориснички панел, користете го следниот линк https://www.mkhost.com.mk/clients/clientarea.php со соодветно корисничко име и лозинка (доколку не ги знаете податоците за најава, слободно контактирајте лице од МКхост за да Ви помогне)
Чекор 2: Откако ќе пристапите до корисничкиот панел, изберете 'домени' како што е прикажано на сликата.
Чекор 3: Во ново отворениот прозорец изберете го доменот за кој што Ви е потребен ЕПП кодот за трансфер и кликнете како што е прикажано на сликата.
Чекор 4: Во ново отворениот прозорец, во делот Администрација, кликате на 'Земете ЕПП код'
Откако ќе кликнете на 'Земете ЕПП код' автоматски ќе се појави Вашиот ЕПП код.