Туторијал за промена на име на домен за дадена инсталација на WordPress

    Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои МКхост тимот најчесто ги користи за промена на името на доменот за дадена WordPress инсталација. Тоа би значело дека Вашата веб страна сакате од old_domain.mk да премине, т.е. да се преименува во new_domain.mk. Оваа промена важи и доколку сакате да ги променете линовите од http://domainname.mk во https://domainname.mk, т.е. да ги променете линковите да имаат вклучен secured протокол. За оваа промена да биде валидна треба да имате инсталирано SSL сертификат на Вашиот хостинг, а за тоа повеќе има на следниот линк: https://www.mkhost.com.mk/ssl-cert/ 

    Чекорите во продолжение: 
Доколку правите миграција на содржините на хостингот од еден на друг фолдер, најпрво бидете сигурни дека содржините на веб страната е поставена и дека базата е поврзана со хосингот. Овој чекор не е потребен доколку сакате само промена на името на доменот на постоечката веб страна. (http->https или само промена на име).
Потоа:

1. 
Најавете се на Вашиот контролен панел (cPanel) преку линкот ime_na_domen/cpanel. Одете во делот phpMyAdmin и селектирајте ја базата која се однесува на веб страната. Кликнете на wp_posts и забележете дека моменталните постови се со линкови old_domain.mk (во делот guid стои стариот линк). Потоа кликенете на делот SQL како што е прикажано на сликата:

sql

Во делот SQL поставете го следниов код:
UPDATE wp_posts SET guid =
REPLACE(

guid, "olddomain.com/wordpress",
"www.newdomain.com"
);

Делот означен со Bold треба да го промените зависно Вашите потреби. Wp_posts треба да биде променето во зависност од името на базата, во случајот тоа е името: wpfr_posts
Во продолжение слика како би изгледал query-то за овој случај:

sql


Потоа кликнете на копчето Go во десниот дел од прозорецот и со тоа линковите во wp_posts треба да се променети.
Доколку станува збор за промена на линковите од http->https, промената би била од http://proba.mk во https://proba.mk.
 
2. Најавете се на администраторскиот панел на Вашиот сајт olddomain.mk/wp_admin. Потоа одете во делот Plugins и инсталирајте го и активирајте го следниот плагин: Velvet Blues Update URLs
По активацијата кликнете на Tools ->Update URLs и направете ги следните промени:

Blue Velvet

Со тоа линкот на постовите, страните, линковите, медиа фајловите ќе бидат променети.


3. Во администраторискиот дел кликнете на делот Settings -> General. Потоа напишете го новиот линк во деловите WordPress Address (URL) и Site Address (URL). Слика во продолжение:

url update

Потоа кликнете на Save Changes.
Со тоа се финализира автоматската промена на линкови.
Напомена: Доколку во Вашата веб страна постојат рачно додадени линкови, оваа автоматска промена нема да направи update на истите. Потребно ќе биде да се направи рачна промена во кодот.
 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Backup/Restore на хостинг акаунт и релеванти сервиси

cPanel платформата ви овозможува backup-ирање на податоците од вашиот хостинг, кои се неопходни...

Како да си го префрлам сајтот од друг хост на МКхост?

Имате проблеми со вашиот хост провајдер? Плаќате многу пари? Поддршката на моменталниот хост е...

Како да го поврзам веб сајтот со хостингот по активацијата?

По активација на хостингот МКхост ќе ви испрати емаил со сите информации за него на вашата емаил...

Што е разлика помеѓу Linux и Windows хостинг?

  Разлики помеѓу Linux и Windows хостинг платформи. На која платформа да го хостирате...

Дали е возможно во иднина да преминам на друг пакет?

Да, во секое време ќе може да го промените хостинг пакетот.Ќе може да преминете на поголем пакет,...