Туторијал за промена на име на домен за дадена инсталација на WordPress
Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои МКхост тимот најчесто ги користи за промена на името на доменот за дадена WordPress инсталација. Тоа би значело дека Вашата веб страна сакате од old_domain.mk да премине, т.е. да се преименува во new_domain.mk. Оваа промена важи и доколку сакате да ги променете линовите од http://domainname.mk во https://domainname.mk, т.е. да ги променете линковите да имаат вклучен secured протокол. За оваа промена да биде валидна треба да имате инсталирано SSL сертификат на Вашиот хостинг, а за тоа повеќе има на следниот линк: https://www.mkhost.com.mk/ssl-cert/
Чекорите во продолжение:
Доколку правите миграција на содржините на хостингот од еден на друг фолдер, најпрво бидете сигурни дека содржините на веб страната е поставена и дека базата е поврзана со хосингот. Овој чекор не е потребен доколку сакате само промена на името на доменот на постоечката веб страна. (http->https или само промена на име). Потоа:
1. Најавете се на Вашиот контролен панел (cPanel) преку линкот ime_na_domen/cpanel. Одете во делот phpMyAdmin и селектирајте ја базата која се однесува на веб страната. Кликнете на wp_posts и забележете дека моменталните постови се со линкови old_domain.mk (во делот guid стои стариот линк). Потоа кликенете на делот SQL како што е прикажано на сликата:

Во делот SQL поставете го следниов код:
UPDATE wp_posts SET guid =
REPLACE(
guid, "olddomain.com/wordpress",
"www.newdomain.com"
);
Делот означен со Bold треба да го промените зависно Вашите потреби. Wp_posts треба да биде променето во зависност од името на базата, во случајот тоа е името: wpfr_posts
Во продолжение слика како би изгледал query-то за овој случај:
Потоа кликнете на копчето Go во десниот дел од прозорецот и со тоа линковите во wp_posts треба да се променети.
Доколку станува збор за промена на линковите од http->https, промената би била од http://proba.mk во https://proba.mk.
2. Најавете се на администраторскиот панел на Вашиот сајт olddomain.mk/wp_admin. Потоа одете во делот Plugins и инсталирајте го и активирајте го следниот плагин: Velvet Blues Update URLs
По активацијата кликнете на Tools ->Update URLs и направете ги следните промени:
Со тоа линкот на постовите, страните, линковите, медиа фајловите ќе бидат променети.
3. Во администраторискиот дел кликнете на делот Settings -> General. Потоа напишете го новиот линк во деловите WordPress Address (URL) и Site Address (URL). Слика во продолжение:

Потоа кликнете на Save Changes.
Со тоа се финализира автоматската промена на линкови.
Напомена: Доколку во Вашата веб страна постојат рачно додадени линкови, оваа автоматска промена нема да направи update на истите. Потребно ќе биде да се направи рачна промена во кодот.
Також прочитайте