Најчести проблеми и решенија поврзани со Вашите мејл адреси

 

Во овој туторијал детално ќе ги објасниме проблемите кои може да се појават со Вашите мејл адреси. Доколку имате проблем при испраќање на мејл, а Ви пристигнува Mail delivery report важно е да го прочитате Mail delivery report-от и да видите каде е настанат проблемот. Треба да видите дали нашиот сервер или дестинацискиот сервер ја одбил пораката.
Во продолжение ќе разгледаме неколку примери со најчестите проблеми кои се јавуваат.
   ⦁ Во Mail delivery report-от Ви го пишува следново:
     Mailbox is full / Blocks limit exceeded / Inode limit exceeded.
     Значи дека треба да ја проверите квотата на мејлови или бројот на inodes.
     Исто така овој Mail delivery report-от може да значи дека испраќате голем број на невалидни пораки.
   ⦁ Во Mail delivery report-от Ви го пишува следново:
     Mailbox unavailable/The email account that you tried to reach does not exist/This user doesn't have account/Unrouteable address.
     Значи дека ја грешите мејл адресата до која сакате да го испратите мејлот.
   ⦁ Во Mail delivery report-от Ви го пишува следново:
     High probability of spam.
     Значи дека некој од серверите ја класифицира пораката како спам. Затоа, доколку испраќате attachment, истиот нека биде во .zip формат.
     Исто така можеби имате некои зборови кои серверот ги одбива, затоа најдобро би било да го проверите повторно текстот и насловот на Вашиот мејл.

Следно ќе разгледаме како можете сами да видите каде настанал проблемот со Вашиот мејл.

   1. Најавете се на Вашиот Cpanel
   2. Во делот Email, кликнете на Track Delivery
   3. На сликата се детално прикажани сите мејлови кои се испраќаат. Во делот Result може да видите дали имате некој проблем при испраќањето на мејлот. Во конкретниов пример немаме проблем и сите мејлови се          испраќаат исправно.



Track delivery


Исто така можете да видите дали пораката што ја испраќате е излезена од нашиот сервер.
Тоа ќе го направите на следниот начин:
   1. Најавете се на Вашиот Cpanel
   2. Во делот Email, кликнете на Professional Spam Filter
   3. Одкако ќе Ви излезе листата на домени кликнете на Login

List Domains

4. Во Spam Experts имате Incoming и Outgoing дел во зависност дали Вашата порака е влезна или излезна и кликнете на Log search.


Spam Experts


5. Во делот Date range напишете го датумот, а во делот Sender напишете ја мејл адресата.
Кликнете на Start search и започнете со пребарувањето.


Spam Experts


Одкако ќе заврши пребарувањето, доколку се е во ред значи дека нема проблем на серверско ниво, туку дека проблемот е до дестинацискиот сервер.

На сликата имаме пример како Spam Experts ги класифицира пораките дел како spam, а дел од пораките се успешно пропуштени.


Track delivery
 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Подесувања на е-маил на одреден емаил клиент (Outlook / Thunderbird / паметни телефони)

Outlook – POP3 протокол Откако сте отвориле Outlook од менито Tools изберете ја опцијата...

Поставување на OoO (Out of Office) порака

Како да поставам ОоО (Out of Office) порака? Понекогаш при работењето доаѓате во ситуации кога...

Како да променам лозинка на одредена e-mail адреса?

Процедура за промена на лозинка на дадена e-mail адреса.    Чекор 1: Логирајте се на вашиот...

Како да креирам е-маил адреса?

Во денешново „Интернет време“, кога се се базира и врти околу Интернет,  освен што е важно да...

Поставување на Mail Forwarders

Поставување на Мail Forwarders Кога еден акаунт има потреба да ги fw пораките од неговиот кон...