Искористеност на хостинг просторот - Disk usage

Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои Вие може да ги користите за да ја проверите искористеностa на Вашиот хостинг. Ќе Ви покажеме каде можете да ја видите моменталната искористеност на хостингот, каде најмногу го имате искористено Вашиот хостинг и секако доколку сакате да избришете нешто што не Ви е потребно и со самото тоа да си ослободите простор на хостингот.

Чекорите во продолжение:

1. Најпрво треба да се најавите на Вашиот Cpanel.

2. Во делот Files, кликнете на Disk usage.

Files

3. Во делот Disk usage може да видите каде и колку го имате искористено Вашиот хостин простор.


Disk Usage


4. Одкако ќе видите каде го имате искористено хостингот можете да видите во кој дел точно се наоѓа искористеноста.

На следната слика имаме пример за искористеност. Во овој пример искористеноста е во делот public_html и можеме да видиме дека најголемата искористеност е во делот proba1.mk.

Следно доколку сметате дека нешто не Ви е потребно можете да го избришете со цел ослободување на хостинг просторот.


Disk Usage


Преку cPanel во делот File manager можете да видите се што имате на Вашиот хостинг. Исто така доколку имате backup или error log кои не Ви се потребни,а ви заземаат простор можете да ги избришете. 


File Manager


Следно, имаме пример каде што најголемата искористеност е во мејловите.  Можете да видите секој мејл колку простор Ви зазема. Исто така доколку имате искористеност во фолдерот Trash како што е покажано на сликата иако Вие ги имате избришано мејловите тие сеуште Ви стојат во фолдерот Trash и Ви заземаат простор. Вие би можеле да ги избришете мејловите кои се наоѓаат во тој фолдер и со тоа да ослободите простор на Вашиот хостинг. 


Disk Usage
 

Дали Ви помогна овој одговор?

 Испечати

Исто така прочитајте

Како да си го префрлам сајтот од друг хост на МКхост?

Имате проблеми со вашиот хост провајдер? Плаќате многу пари? Поддршката на моменталниот хост е...

Backup/Restore на хостинг акаунт и релеванти сервиси

cPanel платформата ви овозможува backup-ирање на податоците од вашиот хостинг, кои се неопходни...

Туторијал за промена на име на домен за дадена инсталација на WordPress

    Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои МКхост тимот најчесто ги користи за промена...

Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува...

Дали е возможно во иднина да преминам на друг пакет?

Да, во секое време ќе може да го промените хостинг пакетот.Ќе може да преминете на поголем пакет,...