ДОМ ЗА ТВОЈОТ ВЕБ САЈТ


Веројатно често се прашуваш како еден веб сајт може да биде поставен и да функционира на интернет просторот.

Да ти откриеме една тајна - еден веб сајт има многу блиски карактеристики со еден секојдневен дом!


1. СЕКОЈ ВЕБ САЈТ ЗАПОЧНУВА СО ЛОКАЦИЈА


Како што на еден дом му е потребна соодветна локација и адреса за да егзистира во просторот, така и секој веб сајт има потреба од виртуелна адреса, наречена домен.

Секако, веб сајтот тука има предност – името на адресата можеш да го избереш сам, доколку е достапно! Најчест избор на корисниците е .mk доменот.
Грешка

НАЈДИ ЈА ТВОЈАТА ИДЕАЛНА ИНТЕРНЕТ АДРЕСА

WWW.

2. НА СЕКОЈ ВЕБ САЈТ МУ Е ПОТРЕБЕН ПРОСТОР


Секој дом има соодветен простор на кој е сместен. Истата потреба ја има и веб сајтот. Тој простор се вика хостинг. Хостинг просторот е дел од еден пообемен сервер.

Можеш да претпоставиш дека и тука веб сајтот има предност во однос на домот – просторот не е ограничен и може постојано да се надоградува!

Колкав простор на интернет би бил доволен за тебе?

1 GB
Одличен за мал и почетен веб сајт.   
5 GB
Идеален за поголем број на сајтови   
25 GB
Погоден за големи сајтови.   

3. УРЕДУВАЊЕТО Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ЕДЕН ВЕБ САЈТ


Откако е дефинирана локацијата и просторот, следниот чекор е домот да се уреди по желбите на оној кој ќе живее во него.

Кога имаш веб сајт, секако дека најважниот дел е како истиот тој ќе изгледа! Никогаш не е полесно од денес да имаш совршено уреден веб сајт по сите светски стандарди!

ДАЛИ СИ ПОДГОТВЕН ЗА ТВОЈОТ ПРВ ВЕБ САЈТ?


Пиши ни ја твојата идеја и ние ќе се потрудиме заеднички да ја реализираме и развиваме.