Политика за приватност

Правно лице кое е овластено и кое стои зад оваа политика на приватност е МКХОСТ ДООЕЛ Куманово.

Општи одредби

МКХОСТ нема да ги продадава доставените информации од Ваша страна, или било кој дел од информациите, на трета страна.

МКХОСТ не ги продава, ниту ги изнајмува своите листи на клиенти на трети лица. МКХОСТ може да Ве контактира во име на други деловни партнери во врска со релевантни понуди кои можат да бидат од ваш интерес. Во овие случаи, вашите лични информации (е-пошта, име, адреса, телефонски број) не е, и нема да биде доверена на трети лица.

Формуларот за регистрација на нашиот сајт при вршење на нарачка бара од корисниците да ни дадат информации за контакт (како име, презиме, име на организација, адреса, поштенски код, телефон за контакт, емаил). Овие информации МКХОСТ ги користи при контакт преку пошта (праќање на фактури и други документи, верификација на корисник). Исто така при регистрација на интернационално домен име или Македонски домен (.mk) , регистрарот бара за секој домен да се внесат контакт информациите за да доменот биде успешно регистриран и активен, како и да се знае неговиот сопственик. Овие податоци кои ќе бидат внесени при регистрација на доменот се јавно објавени на whois серверите на регистрарите.

Oвој сајт содржи линкови до други сајтови. МКХОСТ не е одговорен за приватноста, начинот на работа или содржината на овие веб-сајтови.

Податоците кои се прибираат преку МКХОСТ се користат само за статистички потреби, а не и за следеење на активноста на поединечни корисници.

Во случај на криминална истрага, МКХОСТ ќе се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб страната ќе бидат достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење на колачиња (Cookies)

МКХОСТ користи “колачиња” заради персонализирање на Вашето пребарување по интернетот и при вршење на одредена нарачка. Колаче е текстуален фајл кој преку сервер се пренесува на Вашиот хард диск и е складиран во Вашиот веб прелистувач. Колачињата не може да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер. Колачињата се уникатно доделени и може да се читаат само од доменот на веб серверот што претходно Ви ги има издадено.

Една од основните цели на колачињата е да го направи вашето интернет пребарување полесно и поефикасно. Колачето му укажува на веб серверот дека сте се вратиле на одредена страница и ги чува вашите лични информации, така да не мора да ги внесувате податоците секој пат кога ќе посетите нова веб страна на МКХОСТ.

Имате можност да ги прифатите или одбиете колачиња. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но постои можност со промена на подесувањата во вашиот прелистувач да отфрлите некое или сите колачиња. Ако ги одбиете нема да можете да уживаате во целосно интерактивно искуство предвидено од страна на МКХОСТ и ќе пропуштате одредени функции на веб страната.

Други податоци

МКХОСТ ја користи вашата IP адреса да му помогне при дијагностицирање на проблемите со сервер како и за администрација на нашиот веб сајт.

Заради споредбени анализи, МКХОСТ го користи Google Analytics. Преку него постои пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од Google Analytics. Овие податоци не се јавно достапни и се користат само за статистички аналаизи.

Личните податоци во однос на кредитните картички МКХОСТ нити ги процесира, а со тоа и нема можност да ги складира и користи истите за било каква намена. Сите податоци за плаќањето и кредитните картички се процесираат од страна на системот на Халк Банка Скопје.

Ако имате било какви прашања во врска со оваа изјава за приватност, за начинот на работа или Вашето искуство од оваа веб страница, можете да не контактирате на info@mkhost.com.mk .