Пронајдете ги whois информациите за одреден македонски домен

Whois сервисот на МКхост овозможува да проверите кој е сопственикот на одреден домен, односно да ги проверите:

  • информациите за регистрантот
  • информациите за административниот контакт
  • информациите за технички контакт
  • да проверите на кои ДНС сервери (именски опслужувачи) доменот е поставен

Овие податоци се јавно достапни и според правилникот на Марнет секој може да има увид во нив.

Дали може податоците на .mk домените да бидат сокриени?

За жал не. Според правилникот на Марнет сите податоци се јавно достапни и точно се знае сопственикот (регистрантот) на доменот, заедно со останатите задолжителни информации кој секој домен ги има.

Дали податоците на интернационалните домени (.com .org .net ..) може да бидат сокриени?

Да, за интернационалните домени, може да се докупи дополнителна услуга за заштита на whois податоците. Слободно контактирајте не ако имате интернационален домен и сакате да ги заштитите вашите лични податоци да не бидат јавно достапни.